Кај нас е скоро непозната пракса со ретки исклучоци ... но во светот блогот како медиум е често присутен во електронските изданија на најпознатите светски медиуми ... во случајов зборувам за BBC Blog Network ... Имено BBC често своите вести ги линкува и со мислења изразени во блогови ... но ова е друга тема тука само попатно ја спомнав ...
Имено Mark Mardell направил интервју со Дора Бакојани (Fire 'em, those people next door) ... Mark Mardell's Euroblog ... со цел да ја дознае суштината на спорот со името на нашата земја ... и најпрвил настапил со прашањето нели е смешен спорот за името на нашата земја и нели тоа е некаква детска работа ... На што Бакојани веданш му одговорила „Не е детска работа и не е смешно!“ ... и почнала да му ја продава грчката приказна за спорот со името ...
- дека Географската целина на Македонија во најголем дел е во сегашна Грција , делумно во сегашна Република Македонија ... помал дел во Бугарија и уште помал во Албанија ... и дека Грција има особено чувство према името заради можните претензии на РМ на севкупната географска територија позната како Македонија ...
- не заборавила да му ја спомне и последната случка, кога нашиот премиер пред некое време положил цвеќе пред карта на Голема Македонија ... дека во минатото имало чести нескриени митензи со мафтање на карти за Голема Македонија ... за следниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Солун ... (ова не е спомнато во интервјуто ... додадено е од мене ...) ...
- дека Грција водела граѓанска војна 1944/45 во која на едната помагала Титовата Југославија ... која патем демек ја створила Македонија заедно со Сталин ... за да може Титовата Ју да излезе на егејското море ...
Морам да додадам дека и ова интервју го сметам како притисок на мислечкиот свет кон Грција да одстапи и е резултат на ветото кое го даде Грција во Букурешт и отворениот спор со Буш ... Во еден пост реков дека Грцја скапо ке го плати ова и дека сега ке почнат да кружат написи во светските медиуми подомогнати од САД сценаристите на светското јавно мнение ... и дека е само прашање на време кога во Грција отворено ке се постави вистинското прашање а тоа е правата на Македонското малцинство во Грција со сите последици по грчката држава која не само што ке мора да ги признае македонсите како малцинство туку дека ке мора да им ги даде сите права кои им следуваат по меѓународните норми за човечки права на малцинствата ...
Интервјуто на Mark Mardell со Дора Бакојани е многу пошироко и е доста интересно со колкава доза на упорност пробувал да ја разубеди Дора Бакојани укажувајки и дека прашањето за другите луѓе е смешно а грчкиот став дека РМ е закана за грчките интереси е смешен со оглед на разликата во моќноста на двете држави ... од друга страна пак интервјуто е извор на информации за грчкото гледање на спорот со името ... и дека од некогашниот непопустлив став - се гледа светло кое вели дека и тие треба некаде да попуштат но дека претходно мора да ја реубедат својата јавност во тоа ... но дека во моментот спремност за било какво попуштање нема меѓу грчкиот народ ... и дека прашањето нема така брзо да биде решено ...
За интервјуто на Mark Mardell со Дора Бакојани дознав од денешниот напис на Утрински - Каков пасош имал Александар Велики ... незнам дали Утрински побарал дозвола да објави делови од интервјуто ... но срамно е тоа што иако го навел изворот не го линкувал ... до кога меинстрим весниците ке заборааваат да линкуваат извори на своите написи ??! ...
No comments:
Post a Comment