„Македонски телекомуникации“ се ребрендираат во „Македонски телеком“ ... ке успее ли со ова народот да му прости на „Македонски телекомуникации“ за се што во минатите десетина години го правеа „Македонски телекомуникации“ под водство на Атила ... на суровиот однос кон предплатниците ... на монополското искористување на позицијата на пазарот ... која сеуште трае ... на кочењето на економските процеси ... за забавениот развој на интернет пенетрацијата и прескапиот интернет ... на иљадниците раскинати договори ...
Со ребрендирањето доаѓаат вистинските сопственици во Македонија преку германскиот директор на бордот на директори во „Македонски телеком“ - Николај Бејкерс ... новиот бренд гласи ’Т-хоум‘ ... се ветуваат нови технологии ... комбинација на фиксна линија, брз пристап до Интернет и интерактивна телевизија ... разговарите од 19 часот попладне до 8 часот изутрина ќе бидат бесплатни ... вероатно во втора фаза ке следи разговарањето во сабота и недела да е бесплатно ... ова не е најавено но така е во цел свет во фиксната па и мобилната телефонија ...
Колку и да сакам да им посакам среќа и добар успех на „Македонски телеком“, сепак сеуште ме држи лутината од бројните кавги и недоразбирања со „Македонски телекомуникации“ ...
No comments:
Post a Comment