Не сум правник и незнам како се именува влада “која е во заминување“ - во правни услови како што ги имаме сега ... парламентот се самораспушти и имаме ситуација на Влада која работи по сила на законот до избирање на нова ... Ова не е ни “Влада во оставка“ како што ја нарекува некој ... Владата не даде оставка туку Парламентот се самораспушти ... Некако најприкладнмо ми е именувањето “Влада во заминување“ ...
Но друго ми е сега прашањето од кое сакам да извлечам теза ... што треба ваква Влада да работи ... веројатно тоа е пишано во уставот и законот ... но ме мрзи сега да читам ... ке појдам од логика - бидејки сметам дека уставот и законите се логична категорија ... правени за ситуации кои може ке произлезат како што е оваа ...
Опозицијата овие денови зачести со обвинувањата дека Владата во заминување - прави ненужни мерки во форма на партиски вработувања, објавување на тендери, спроведување на свои заклучоци и програми ... ја спроведува програмата со која настапила на минатите избори ... е сега што треба ... владата да скрсти раце и ништо да не работи ... Владата во заминување преку портпаролот се правда дека за се што работи е во буџетската рамка и дека неможе да ги остави работите во стихија ... Би сакал да видам некоја компетентна анализа од авторитетен правник што може а што не треба да работи ваква Влада во заминување ...
Јас лично сметам дека животот не може да згасне затоа што се бира нов Парламент а потоа и нова Влада ... ние и овие три месеци мора да живееме ... а воколку Владата не работи тоа значи дека треба да се случи анархија ... и затоа сметам дека Владата во заминување мора да си ги врши редовните активности - но и да внимава да не зајде во некои активности кои лесно ке се препознаат од гласачите дека ги прави а не морала да ги прави ... тенка е линијата на она што треба и мора Владата во заминување да го прави и на она што Владата го планирала да го направи а требало и можело да го остави за новата Влада ... тука секако спаѓаат крупни вработувања во државната администрација ... бидеки ако се избере нова Влада таа може да суспендира таква одлука ... имавме во минатото такви случаи ... секако дека некои започнати тендери кои се неопходни за функционирање на администрацијата мора да се спроведат .... не може да речеме болниците три месеци да останат без најнеопходниот санитарен материјал ...
Како и да е Владата во заминување сама си ги сноси последиците од своето работење или неработење и од одлуките дека работи нешто што не е неопходно ... опозицијата тоа силно ке го критикува а избирачите ако препознаат дека е тоа вистина ке ја казнат Владата ... тоа е мојата логика ... пак велам би било убаво од некој компетентен да слушнеме што може а што нетреба да работи Владата во заминување ...
No comments:
Post a Comment