Праќката е моќното “оружје“ од минатото ... за тоа потврдува споменувањето на праќката во библијата ... Споредувајки ја праќката со чателот и жилата ... праќката е многу помоќна ... може да се користат поголеми камења ... може подалеку да се мава со неа ...
Праќки правеа малку поголеми “деца“ ... за малите ова беше тешка дисциплина ... Јас лично со праќка сум се опробал само во селска срдина каде има пространство ... и каде и да го згрешиш правецот на фрлање нема многу да наштетиш ... заради големите празни пространства по селските ливади и ниви ...
Се прави од нормално јаже ... по селата јажето е важно нешто ... се употребува за врзување на домашните животни ... за прицсврстување на сламта , сеното, сноповите, гранките - за селските коли додека се транспортира до селските домови ... обично ке најдевме некое постаро јаже - за да не не караат дека сме упропастиле ново ... Јажето требаше да има дупла должина на твоето тело од земја до раменици ... на крај на двете парчиња јаже се пришива поголемо парче кожа ... со димензии 20 х 8 сантиметри ... тоа требаше да биде јако бидејки се користеа поголеми камења ...
Како се употребува праќката ... и за ова постои финта - слична како и за жилата б. варијанта ... одбираш камен кој е добро да е округол но може да е и плочкаст ... со големина на тупаница ... цврсто го фаќаш едниот крај на јажето кој е и малку подолг за да премота преку дланката ... а другиот треба да се пушти во моментот кога ке решиш дека треба да се упати ударот ... се подига праќката и почнува да се врти околу тебе ... нешто слично како фрлање на кладиво ... но тука не се врти фрлачот туку само праќката околу глава ... и кога ке се добие доволно јако убрзување ... кога праќката ке почне да се врти околу тебе на висина на твојата глава во погоден момент се испушта едниот крај на јажето и каменот го добива бараниот правец ... е ова е прилично тешко и затоа за почетници мора да се има доволно простор на сите страни ...
Со праќка може да се упати камен во далечина на стотина метри ... И тука морам да напоменам дека и оваа “игра“ е прилично опасна ... особено заради големината на каменот кој се фрла ... дури и керамиди страдаат од вакви играчки ...

Постот е дел од серијалот постови ДЕТСКИ ИГРИ ...
No comments:
Post a Comment