Навистина е жешка темата за која пишував во мојот пост ...Бугарска позиција/политика во врска со Македонија ... втор пост ... и самиот запрашав - зошто нема написи во нашите медиуми ... очекував дека ке има ... но очекував како и во еден предходен случај дека ке се “позајми“ слика од блогот кој е цитиран како извор на мојот пост ...
Како и што предпоставував Утрински пиша напис - Софија бара Бугарите да влезат во Уставот ... и позајми две фотки од БГ блог наведен како извор на мојот пост ... за да нема забуна го прашав изворот - дали се тоа фотки од негов фото апарат ... ми беше потврдно одговорено ...
Па новинари од Утрински ... барем линкајте го изворот ...
Да биде случајот со позајмување на фотки побизарен истото се случува по вторпат за релативно кратко време ... Имено имав напис за Саемот на Книгата во Софија ... каде го цитирав истиот блог како извор ... тогаш Дневкик “позајми“ слики од истиот блог ... еве тука потврда ...
Знаеме дека новинарството е скапа професија и дека не можете да плаќате дописници ... знаеме дека интернетот и блоговите Ви се често извор и инспирација за написите ... но барем бидите поштени ... линкајте ...
No comments:
Post a Comment