ИРИ излезе со свое “мерење“ на рејтингот ...
- ВМРО-ДПМНЕ 29 проценти ... порасланл за три проценти ...
- СДСМ 11 проценти ... ист ...
- ДУИ 10 проценти ... паднал за еден ...
- ДПА 8 проценти ... се покачил за три ...
- НСДП 1 проценти ... паднал за еден ...
- ПДП 1 проценти ... ист ...
- неопределени 40 проценти ... ист ...
ИРИ е сериозна институција ... веројатноста за статистичка грешка е + - 3% ... Оваа анкета им ја падна цената на малите партии “човек партии“ - кои повеќе се декор во коалициите ... демек ете и ние имаме коалиција ... Груевски најави дека деновиве ке го обелодени тајниот партнер со кој преговара ...
Бројот на неопределените е одприлика близок до бројот на оние кои не излегуваат на избори ... осем некој процент кој во последен момент сепак ке ја исполни граѓанската должност ...
Добрата или лошата кампања може да ги промени резултатите за + - 10% ... така да од анкетата на ИРИ може да се насети како ке гласа МК избирач ...
Анкетава покажува дека нема многу да се смени бројот на пратениците во собранието ... и дека ке настане долго и мачно пазарење за да се формира Влада во постизборниот период ...
Веројатно ке следат уште анкети кои ке се прават по објавувањето на изборните коалиции ... и на база на текот на изборната кампања ... можен ли е некаков пресфрт во текот на кампањата ... сите партии ке се трудат да го направат ... но практиката покажува дека изборните кампањи во наши уослови ретко го менуваат предизборното расположение ... СДСМ преку својот портпарол порача дека не верува во анкетиве и дека вистинската анкета ке биде на 1-јуни ...
1 comment:
Јас како анкетиран во телефонската анкета на ИРИ, се декларирав како НЕОПРЕДЕЛЕН иако веќе цврсто се определив за едно: ДА НЕ ГО ДАДАМ СВОЈОТ ГЛАС за ВМРО-ДПМНЕ.
А зошто така се изјаснив? Бидејќи во последниов месец на врата постојано ми доаѓаат анкетари од ВМРО-ДПМНЕ и второ, да немам притисоци и проблеми на работа кога сте соочени со партиски кадри назначени од екстремно ксенофобична и параноична партија.
Post a Comment