Веќе за утре е закажана последната седница на Собранието во овој состав ... постигната е согласност на ДУИ, ДПА и ВМРО-ДПМНЕ за самораспуштање на Собранието ... останатите сеуште се противат ... што незначи дека нема и да гласаат за предвремени избори ... на крај сите ке гласаат за предвемени избори а седницата веројатно ке биде искористена за официјален почеток на изборната кампања ...
Груевски со прифаќањето на предвремените избори како да оценува дека сега за неговата партија е најпогоден момент да ја побара довербата на граѓаните за нов мандат ... со оглед на тоа што распоред на политички сили (во собранието ...) каква што е сега не му дава можност да ги остварува платформите на партијата ... одпаѓа варијантата на пребег на некои пратеници од помалите партии во ВМРО-ДПМНЕ поради нереално високите фактури ...
По поразот кој го претрпевме со недобивањето покана за НАТО ако Груевски чекаше крај на годинава кога беше извесно дека ако не се смени ситуацијата со Грција ... ке доживееме втор пораз ... нема да добиеме датум за преговори со ЕУ ... тогаш Груевски ке има уште помали шанси на избори ... ДУИ има легитимно право да бара нови избори... не се во власта а ја посакуваат како партија со најголем електорат меѓу албанците ...
Најчудно од се е позицијата на СДСМ ... која е против предвремени изборти сега ... таа имено бара оваа влада да ја искористи шансата да се реши спорот со Грција сега ... и така да и наштети на тврдата национална позиција на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ...
А малите партии кои сега имаат ваков или онаков колач во оваа Влада или Собрние е нормално да се против предвремени избори ... им се крати од колачот ... кој скоро со сигурност ке го изгубат ...
Сега е прашањето кој со кого ке влегува во предизборниа и постизборна коалиција ... ??
- Нови избори ... на кој му иска а на кој у стиска ... 8 Април, 2008 - 15:39
- ВМРО-ДПМНЕ бара партнери за изгласување нови избори ... 7 Април, 2008 - 15:06
- Избори се ближат ... Избори се ближат ... 10 Февруари, 2008 - 12:02
- ВОНРЕДНИ ИЗБОРИ ... 25 Април, 2007 - 11:00
No comments:
Post a Comment