Search This Blog

Monday, April 07, 2008

Невидливото малцинство ... прљавиот националистички веш на Грција на виделина ...

Сликата “http://www.dw-world.de/image/0,,509946_4,00.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.
„Невидливото малцинство“-под овој наслов „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ дава бекграунд на спорот околу името Македонија и историски преглед на настаните во Грција поврзани со положбата на македонското малцинство.

Во текстот чиј автор е Михаел Мартенс, меѓу другото, се вели:

„На самитот на алијансата во Букурешт, Грција го спроведе своето - Македонија смее да стане член на НАТО кога ќе биде решен спорот околу името, кој во основа е обид на Атина да издиктира име. Во западните медиуми ваквиот т.н. спор е често опишуван како „бизарен“ или „апсурден“, па дури и коментатор на конзервативниот атински весник „Катимерини“ еднаш напиша дека е тоа „трагикомично поглавје на грчката дипломатија“. Но, и бизарностите имаат свое потекло и причина.“

Констатирајќи дека причините треба да се бараат во грчката повоена историја, весникот ФАЦ, пренесува делови од книгата на Александер Јосифидис „Славофонските Грци од Македонија“, која според весникот, е извонредна, стручна книга која се темели на детални истражувања и со тоа е важна основа за спорот околу името да биде поразбирлив. Авторот, пишува весникот, зафаќа тема која во официјална Атина до денеска е табу - дека на „северозапад на грчката провинција Македонија, во регионот околу градот Лерин, постои население кое говори славјански и од кое, барем дел, себеси се дефинира како етнички Македонци“. Во текстот натаму се вели:

„Постоењето на вакво малцинство во Грција до денес се негира. Атина, е подготвена да признае дека во овој регион се зборува јужнословенски дијалект, кој нема ништо со македонскиот или бугарскиот јазик. Сепак, не треба да се биде лингвист за да се слушнат сличностите меѓу овој дијалект и бугарскиот и македонскиот јазик. Во граѓанската војна, славјанското население во грчката провинција Македонија беше на страната на комунистите, кои загубија, што е само условно објасниво. Луѓето се надевале дека во случај на победа на комунистите ќе добијат автономија или приклучок кон Република Македонија која и‘ припаѓаше на Југославија, односно на Бугарија. Дека не можат да си претстават иднина во Грција стана јасно најдоцна во дваесетите години на минатиот век и диктатурата на Метаксас, зашто биле угнетувани и подложени на кампања на асимилација.

Грција го освоила својот дел од историскиот регион Македонија дури во 1912 година. Тогаш таму, како што пишува Јосифидис, живееле уште околу 250 илјади „славјански Македонци“. Грчката пропаганда дошла до израз пред се‘ таму каде што словенско-македонското население било во мнозинство. Јазикот на жителите, во тоа време наречен бугарски, бил угнетуван. Луѓето морале да ги сменат имињата, нивните цркви и училишта биле затворени, местата каде што живееле - преименувани. “

Давајќи преглед на настаните во периодот по 1949 година, весникот пишува дека цели села во тој дел на Грција морале да положат заклетва дека никогаш веќе нема за зборуваат славјански, па завршува:

„За јазикот да изумре, државата во тој регион отворила градинки со целодневно згрижување на децата во кои, се разбира, се зборувало, грчки. Дури на крајот на 90-тите години жителите на пограничниот регион, кои сакале да се држат до славјанско-македонскиот идентитет, се осмелија да излезат повторно во јавноста. Според Јосифидис, кој во регионот имал опширни истражувачки патувања, „славофонското население“ во грчката провинција Македонија денес, според проценките, брои меѓу 100 000 и 200 000 илјади лица“, пишува денеска весникот ФАЦ.

*** Горниот напис како да го предвидов во мојот пост: САД сценаристи ... сценарија ...

“...Ке следи сценарио како што следеше овие последни 30 години во јужните делови на бивша ЈУ ... ке почнат да никнуваат борци за човекови права ... кои ке бараат вакви, такви, онакви права кои по меѓународното право им следуваат ... ке почне светското јавно мнение, кое е диктирано од истите сценаристи да пишува вакви, онакви написи - за да потече вода во сценаријата ...“

*** Како и што предвидов ... слободните медиуми во светската штампа почнуваат да го напаѓаат грчкиот национализам ... Очекувам да згуснат вакви написи со вадење на прљавиот националистички веш на Грција ... со кој Грција е преполна во својата историја ...

Единствена држава која вели дека во Грција живеат само Грци ... и не го признава пред се Македонското национално малцинство ... понатака турското и албанското ... за кои вели дека се муслимани ... а нација муслиман не постои ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter