Човекот има неодолива потреба да биде насмеан ... велат луѓето кои се смеат - се и среќни ... одсекогаш во друштво биле поценети оние што знаат да те насмеат ... да кажат добар виц ... Кавадарчани и Кумановски се познати сеирџии - МК шампиони ...
Утрово слушнав добар виц ... ‘61-ва година во минатиот век (уф ова грозно звучи “минатиот век“ ...) на ТВ во Англија мртов озбилен на днешен дел излегол коментатор и рекол ... кој сака да гледа ТВ во боја има можност тоа веднаш да го стори ако преку екранот стави најлон чорапа ... експериментот бил демек во експериментална фаза и ке траел само 10 минути ... На крај на вестите рекол дека ова било првоаприлска шега ... Утредента било забележано дека нагло пораснал прометот на најлон чорапи ...
Кога сме веќе кај најлон чорапите, вредно е да се каже дека најлон чорапите (хулахопките особено ...) беа убава трговска роба во социјалистичките земји и секако Бугарија ... каде за десетина пара најлон чорапи - хулахопки ... се пунеше цела кола роба од Софија и ресто џепарац за три дена провод по Софија ... кога сме веќе тука други продукти за шверц беа ... фармерки, мастики (дфки ...), плочи ... Оф топик од темава да кажам дека тогаш ретко кој Бугарин имаше пасош ... а луѓето за да не избегаат од Бугарија беа “затварани“ ... по границите со високи огради ... во дел од нив се пушташе и струја ... а пред оградата имаше таканаречен “мек појас“ - кој со трактрор редовно се ораше и ситнеше и заравнуваше за да можат БГ гранчари да откријат кои се критични точки за пребег ... (во војска бев граничар ... Стумица ... дури бев член и на Државна комисија за разграничување со БГ ...) ... сон на секоја бугарка беше да се вдоми некаде надвор ... Но ете сега времињата се менуваат ... на среќа на БГ граѓани ...
No comments:
Post a Comment