Како што ветив еве ги ноќните фотки кои ги правев низ Скопје ... Ова беше експеримент дали со мојата опрема и знаење - можам да правам ноќни фотки кои ги сметам за вистински празник за очите особено ако се слика добро осветлен објект ... Сликани се Калето, Мостот Гоце Делчев, Владата, Камениот мост, Поштата, Центар, некои други објекти и некои други улици кои ги сликав ама баш на трчање ... имав време за сите слики само 40 минути ... бидејки сакав да присуствувам на велигденското прославување пред Соборниот храм, кое Ви го представив два поста подолу ...
Морам да кажам дека воопшто не сум задоволен од градските татковци - од начинот на кој ги осветлуваат маркантните објекти низ градот ... имам осеќај дека - да не се рекламните паноа низ градот, Скопје би бил во темнина ... Недозвливо е еден Камени Мост (синонимот за Скопје ...) да нема осветлување и покрај спремност за донација на Телеком да донира осветлување ... Скопските татковци мора да донесат правила за потреба од осветлување на доминантните објекти во градот ... па побогу Скопје е главен град на Македонија ... како ли е во помалите градови ...
1. Скопско Кале, сликано од под мостот Гоце Делчев - сл. 1
За да ги видите останатите фотки клик тука »
No comments:
Post a Comment