Search This Blog

Wednesday, April 16, 2008

“Дрвен Чатал“ ... “Жила“ ...

Чаталот“ или како во прилепско се викал “Стреличка“ е вистинска играчка во однос на правиот “Дрвен Чатал“ ... т.е “Жила“ ... кој поради своите “убоити“ можности е вистинско ладно оружје во рацете на добар стрелец ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Large-3.jpg?t=1208285295

Се прави од добро расчаталена гранка по можност од порано исечено тврдо дрво ... заради потребната јачина на чаталот ... Трите страни на чателот треба да бидат во должина од по седум осум сантиметри ... дебелината на горните рачки кај што се врзува “жилата“ треба да е во дебелина на палец ... додека рачката е секако подебела ... се чисти кората од дрвениот чатал ...

Најважниот дел од оваа убоита играчка е секако добро растеглива гума ... која во тоа време ја викавме “жила“ ... не многу дебела а одлично растеглива ... за оваа намена најдобро се покажуваше внатрешна од точак ... во тоа време пред четириесетина години внатрешните гуми од точат се правеа од природна гума “латекс“ ... беа одлично растегливи ... Бидејки имаше малку точаци пред земјотресот неретко за оваа потреба се купуваше нова внатрешна за точак ... се сечеше гумата на ленти во должина од дваесетина сантиметри и ширина од сантим ипол до два ... двете гумени траки се прицврстуваа за дрвото со фина подебела жица или со многу јак конец ... на другиот крај од жилата се прицврстуваше парче од јака кожичка со приблични димензии од 8 х 3 сантиметри ... спојот се вршеше со шиење со тврд конец оној со кој во тоа време се нижеше тутун ... и сега се користи истиот за таа намена ... а служеше и за пакување на пакети ... кој бил во војска - добивал пакети ... врзани со вакви врвци ...

Кога ке биде готова “Жилата“ т.е. “Дрвениот Чатал“ се полни џебот со муниција од округли камчиња во големина на џамлии ... округол за да патува низ воздухот без големи отпори ... а со големина на џамлија за да не биде претежок ...

Со ова “ладно оружје“ се маваа цели до 50 метри ... дури и чавките паѓаа ако имаше директен погодок ... Поради поголемата “убоитост“ овие Дрвени Чатали беа под строга забрана ... а и полесно се наоѓаа по џебовите ... На мета беа комшиски мачки и кучиња кои се шетаа во туѓи територии ... ретко се носеа во школо ...

Оние кои сакаа на брзина да направат “жила“ ... ке ја направеа вариантата б. од сликата ... ке одсечеа подолго парче латекс гума од точак - шеесетина сантиметри и широко четири сантиметри ... ке го превиткаа на два дела ... (види слика б. варијанта ...) ке ставеа камче во средината на превитканата жила ... и со помош на трик ке упатеа малку послаб удар (во однос на дрвениот чатал ... Трикот се состоеше во тоа што едниот крај од жилата цврсо се држеше во едната рака ... а дугиот крај беше само лабаво држен со истата рака ... при одпуштање на каменот ... оној лабавиот дел се одпушташе ... каменот ке го доживееше саканиот правец ... ако навреме не се испушти едната жила ... каменот добро ке го погоди ноктот на твојот палец и ке се утепаш од плачење ... :)

Имаше и варијанти со правење на разни самострели изведни од варијантите на “Жила“ и “Дрвен Чатал“ ... Во тоа време се даваше често филмот за Робин Худ и сите бевме под импресија на улогата на Робин Худ и си правевме свои филмови ... со имитирање на популарниот херој од филмот ...

Да напоменам и тука дека оваа тканаречена играчка “Дрвен Чатал“ ... “Жила“ ... е опасна и може да предизвика сериозни повреди и треба да биде подалеку од рачињата на сегашните деца ... Ова сеќавање е само како пополнување на етнолошката дупка од детските игри на мојата генерација ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter