И грчките политички авторитети и македоснките се сложуваат во едно ... дека онаа политичка гарнитура што ке подпише договор за некаво ново име на РМ ке биде осудена од своите избирачи и којзнае дали некојпат од тоа ке успеат да се опорават ...
Мислам дека тука лежи зајакот зошто официјалните власти Влади на Грција и на РМ - не доаѓаат до спогодба ... црвените линии и на двете преговарачки страни се ставени многу ниско ... и затоа не може да се најде компромисен предлог .... башка што е евидентно дека ниедна партија која е на власт не сака да го реши отвореното прашање додека е на власт ...
Во нашата држава подршката за нашето име е безмалку стопроцентна во христијанскиот дел од жителите и доста висока во муслиманскиот дел на жителите ... кај турците повисок ... а кај албанците понизок ...
Така е и во Грција ... кој маж ке застане пред своите бирачи или пред парламентот и ке каже ние мораме да прифатиме предлог за име, во кое се содржи зборот Македонија ... статистиките во Грција велат дека се премалку Грци кои даваат согласност за било какво име кое содржи Македонија во себе ... Обичните Грци не сакаат ни „Горна“, ни „Нова“, ни “Северна“ Македонија.
Бидејки е тоа така одкога преговарачот ке констатира дека не е возможно да се најде решение за спорот ... сето ова да се врати повторно пред советот за безбедност ... кој во некава процедура би го решил ова отворено прашање ... за сето ова мора да одиме по некаво сценарио кое е пишано од САД сценаристите ... а со кое ние би се согласиле ...
За чудо америте бараат прашањето да се затвори за неколку недели ... чинам дека е неизводливо ... нема таква спремност ...
No comments:
Post a Comment