На кого да му веруваме ... на Буш ... или на портпаролот на владата на Грција ... Уште само неколку часа и ке дознаеме ... се‘ говори - дека Грчките авторитети ке мора да попуштат ... бидејки тешко дека Буш ке се повлече ... веројатноста дека ке добиеме покана како БЈРМ се зголемува и со притисокот на Англија и Германија - кои притискаат врз грчките авторитети ... кои подсетуваат дека Грција има подпишано договор со нас дека нема да го попречува приемот во ЕУ и Нато интеграциските процеси ...
Смешно е што БГ даде подршка на Грција преку својот портпарол ... а високите авторитети од БГ изјавуваат - дека се надеваат МК да добие покана ... Колку и да имаат свои интереси во Македонија ... Бугарија сепак знае од каде дува ветерот ... ретко когаш Бугарите дувале уз ветер ... секојпат биле на страната на појакиот ...
По узор на нашите комшии од север ... кои именуваа една главна улица во Приштина по името на бивш председател на САД (Клинтон де ...) ... Македонија изгледа ке крсти некоја улица по името на Џорџ Буш ... Не само заради денешната отворена изјава на Буш во Букурешт ... туку и заради признавањето на Македонија со уставно име ... и јавното обраќање на Буш само како Македонија ...Вечерава отворените студија на сите МК телевизии ке се гледаат како никојпат досега ...
1 comment:
Интересен обид поразот да се прикаже како победа.
Сугерирам поинаков пристап: Грција победи, ама тоа ќе и биде победа со горчлив вкус.
Post a Comment