Search This Blog

Saturday, April 19, 2008

Ем европска ... ем патриотска ...

Нашата програма нема да биде како некои што велат национална ... недај боже националистичка ... туку ке биде ем европска ... ем патриотска ... ем НАТО орјентирана ... ем ке ги продолжиме преговорите за името ама на крај ке го прашаме народот на референдум дали се сложува ... ем силно ке ги продолжиме реформите кои ги започнавме ... Ова се на кратко парафразирани зборови на Груевски ... кој вчера ги изусти ... можеби дел и не рече вчера но од предходни изјави горното се подразбира ... Е да, скоро сигурен е дека ке освои 61 пратеник (уствари затоа се нели и овие избори ... а одпосле ке коалицира само со ДПА ... со ДУИ никако ...) ...

Груевски сака да се отргне од превезот на национална партија кој до сега беше миље на ВМРО-ДПМНЕ и националниот превез го менува со патриотски ... се прашувам дали ова ке помине кај народот и меѓународната ... можеби е ова асот во ракавот на Груевски кој до сега не го знаевме ...

Ако е се вака како што вели Груевски тогаш по што ке се разликува од другиот блок ... и тие велат дека се за истото ... а дека не се патриоти ... тешко можеш за некого кој се кандидира на избори да го обвиниш дека не е патриот ... осем оние што во џебот немаат по два пасоши ...

Им предлагам на двата блока да ги исчистат своите редови оние кои се со два пасоша ... таквите - која држава ке ја застапуваат ?? ... чив патриотизам ке им преовладее ??

1 comment:

Anonymous said...

A STO IMA LOSO VO TOA PARTIJATA DA E NACIONALNO OBOENA,SEKAKO VO POZITIVNA SMISLA NA ZBOROT,ZATOA STO ZA VO NEGATIVNA KONOTACIJA NEMAME SILA A VERUVAM I OMRAZA,I TOA LI E STO TREBA DA POMINE KAJ NARODOT SPORED TEBE A? TAKA DA NE SE PRAVI PREMNOGU PAMETEN.A RAZLIKATA OD NEGOVIOT BLOK DO TVOJOT BLOK E TAA STO GRUEVSKI OD SRCE SE BORI ZA ZACUVUVANJE NA IMETO I IDENTITETOT,DRUGO E PRASANJETO KOLKU KE USPEE....A TOA KE BIDE SIGURNO I ZASLUGA NA TVOJOT BLOK.....ZATOA NORMALNO KE SE BORI DA GI MINIMIZIRA TAKVITE KAKO VAS.

Blog Archive

Site Meter