Во време кога двете главни политички партии формираат коалиции со кои ке излезат на изборите ... се пуштаат буви за таканаречен “трет политички блок“ кој би се состоел од помалите политички партии како што се ВМРО-Народна, ЛП на Стојан Андов, ПСД на Љупчо Јордановски, Нова Алтернатива на Ѓорѓи Оровчанец, ... потоа како и со досегашните независни пратеници Зоран Витанов и Есад Рахиќ. ...
Поголемиот дел од овие мали партии се одфрлени од сегашната позиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ ... и се веќе “прочитана книга“ во поранешните изборни периоди каде најчесто овие луѓе се вртеа во власта ... дел од нив менуваа партиски дресови само за да останат со власта ... нивната судбина е ако не се приклучат кон некоја помоќна политичка партија ке згаснат ...
Гледајки од кој медиум доаѓа оваа информација чинам дека со оваа “информација“ се сака да се направи штета од евентуалното приклучување на некои од овеи помали партии кон опозиционито блок - кој сака да истрча со идеја за Европска Македонија ...
Но и да не е така ... скоро сите овие политичари се таканаречени “човек партии“ кои бидејки се љубители на власта се шетаа во разни табори ... и дефинитивно се прочитана книга ... така да незнам што ново можат да понудат на македоснкиот електорат ...
- Нови избори ... Кој со кого ...
- Ем европска ... ем патриотска ...
Успешен трет политички блок би бил некој кој би бил сосема нов на политичакта сцена особено ако се појави со оригинална нова идеја и со НОВИ ЛИЦА ... кои од било какви причини досега не се впуштале во политичкиот живот на Македонија ...
No comments:
Post a Comment