Кој сега го чита блогот на претседателот Иванов да речеме. Од Април до Септември блогот е со приближна читаност околу нулата. Овој сосема извртен блог и во неговата најголема читаност месечно немал повеќе од 3000 клика. Случајот со блогот на Претседателот Иванов покажа дека политичкиот блог додколку не го пишува самиот политичар не е релевантен и одтука не е читан. Со ваква пракса со некористење на блогот како можност за најдиректна комуникација со народот Претседателот Иванов докажа дека е безбласна политичка фигура во МК политичка сцена која ке згасне со заминувањето од претседателската фунција. Вака се девалвиа самиот Претседател кој деновиве историски има најнизок рејтинг кај народот. Под еден посто. Се прашувам зошто ни е воопшто потребен ваков Претседател (политички послушник).
Што се случи со од мене прогласениот технички најдобар политички блог - блогот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ... И овој блог е запуштен и напуштен. Како и што прогнозирав во времето на настанување на ваквите политичко изборни блогови тој никојпат немаше некоја поголема читаност иако имаше најдобар технички изглед.
Ништо пободби не се ни блоговите на останатите политички играчи кои учествуваа на последните политички избори. Тие згаснаа со завршувањето на изборите. Се чудам што воопшто флотираат на интернет просторот што до сега не се избришани од покренувачите.
Фрчковски го избришал сајтот и блогот кои работеа за време на изборите. Паметен е тој, кој го сака негово мислење нека купи весник и нека го чита во колумна.
Оние пак сосема личните политички блогови кои се бават со политички теми ги зафати друг процес - сличен т.е. скоро ист како што пред неколку години се случи со НВО секторот. Реско се поделија на линија на двете поголеми политички партии со изразита поголема застапеност на претставниците на ВМРО_ДПМНЕ ... Се што напишав во постот Експертски трибини на „владини невладини организации“, кој се однесува за случувањата во таканаречениот влдино-невладин сектор сега се однесува на таканаречените владино-невладини блогови. Тотално се поделија политичките блогови (овојпат и оние индивидуалните) на про и контра владина политика. Едно време имаше остро до неконтролирано плукање и “загадување“ во блог просторот. Сето тоа беше водено од моќни партијски центри кои организирано напаѓаа оделни блогери - кои или бегаа на друга платформа или се повлекоаа од блогирање.
На политичките блогови немаме никава дебата на различни орјентации. Секој плука само во својот двор. Оние туѓите се игнорираат. Од друга страна релативниот мир на политичките блогови покажва дека сме далеку од избори. Оној момент кога на берзата на политичките блогови ке се појави големо раздвижување ке биде знак дека изборте во Македонија се близу.
No comments:
Post a Comment