сл.1 Вчера во еден убав есенски ден појдов во потрага по фотографија на светите падини на Скопска Црна Гора. Овојпат бев во Побожје и Кучевиште. Самото име на селото Побожје говори дека во селото и околу него големо внимание имаат светите места и вербата во бога. Побожјани веруваат дека во некое минато време во сушни години одкога нивните предци во близината на селото подигнале неколку крстови, селото било спасено од суша, а жените почнале да раѓаат. Осем крстовите во селото во неговата близина има манастир посветен на Пресввета Богородица, црква посветена на Света Петка и уште една црква кај селските гробишта. Селото изобилува и со староградка селска архитектура со малку нови куќи. Карактеристични се тесните селски сокаци кои сега се асфалтирани. Осем со земјоделие (градинарство, овоштарство сточарство) мештаните се занимаваат и со сточарство. Во есенскиот период дел од мештаните се занимаваат со сеча и трговија на огревно дабово дрво ... Низ селото тече Побошка Река која према истражувањата е една од рекичките од падините на Скоска Црна Гора од која се каптирало вода за Скопскиот антички/средновековен аквадукт ... До Побожје оди приградскиот автобус број 61 ... Повеќе ».....
Селото Побожје се наоѓа во составот на Општина Чучер-Сандево, на југозападните падини во подножјето на Скопска Црна Гора на надморска височина од 588 метри. Побожје се наоѓа на 20 километри оддалеченост северно од градот Скопје, а селото се наоѓа и на патот кој води од селата Чучер и Кучевиште кон Бродец, Танушевци и границата со Косово. Според пописот од 2002 година, селото Побожје, брои 591 жител ...
сл.2 и 3 Манастир во близината на селото посветен на Света Богородица.
сл.4
сл.5 и 6 Месност викана “три даба“ ...
сл.7 и 8 Крстовите и црквите се заштитници на Побожје
сл.9 И Побожје изобилува со стари куќи со интересна изворна селска архитектура ...
сл.10
сл.11 Една од ретките куќи, која е реновирана во склад со старата селска архитектура ...
сл.12 и 13 Козата во последните десетина години повторно се врати во нашите села и планински места ...
сл.14 и 15 Црква Св.Петка Побожје (21.10.1913) датум на последна обнова пишува на капијата ... Црквата е залепена со школската зграда.
сл.16 Сахрална црква во Побожје. Скоро во сите села на Света скопска Црна Гора постојат посебни сахрални цркви и посебни цркви во кои се одвиваат венчавките и крштевките, се слават селските и црковните слави ...
сл.17 клик на сликата за поголема ... клик тука за да го пронајдете Побожје на maps.google.comсл.17 клик на сликата за поголема ... клик тука за да го пронајдете Побожје на maps.google.com
- Школото и Црквата св. Петка
- Црквата кај селските гробишта
- Манастир Света Богородица - Побожје, 1.3 км од селото
- Месност викана “Три даба“
- Кон село Бродец и караулата "Гошинце", 14 км до границата
- Кон село Кучевиште, 0.8 км од Побожје
- Кон село Љубанци, 2.5 км од Побожје
- Кон Скопје, 14 км од Побожје
сл.18 клик на сликата за поголема
- Граделе цркви за да им се раѓаат деца ... ... Во Побожје имало суша и не се раѓале деца, па побожјани во 13 и 14 век ги подигнале крстовите и ги изградиле црквата "Св. Петка" и манастирот "Мала Богородица", за да го замолат Бога да им даде дожд и плодност на девојките. Од тогаш почнало да врне дожд и да се раѓаат деца.
- Божествена Литургија - во храм Св. Петка , с.Побожје
- Ќе се поправа водоводот во Побожје
- Нова пумпна станица во Побожје
- Манастир св. Богородица ... ... внатрешната архитектура на црквата, е карактеристична за времето од турското ропство, а стилот во кој е изведен живописот е византиски. Според тоа може да се заклучи дека црквата е подигната некаде околу XIV или XV век.
- Манастир св. Богородица, Побожје
- На стари години станавме крадци на дрва ...- Побожје, село распослано во подножјето на Скопска Црна Гора, на само неколку километри од главниот град, умира тивко, притиснато од товарот на сиромаштијата.
- Се удавивме во сиромаштија и секој ден се повеќе тонеме. Ние постарите повеќе и не сме важни, ама за децата ни е ...
- Политичарите да се засрамат од бедата што му ја тутнаа на народот. Цело село живурка крадејќи троа дрва, кои потоа ги препродаваме. Арамиите во власта не натераа на стари години да крадеме дрва, да се килавиме за да преживееме ...
- Државата не ми помогна, а моето домаќинство запусте. ... Ова не е држава. Само бара и зема од народот, а ништо не му дава. Те тепа, а не ти дава ни да заплачеш. - Заскитан куршум ја уби Наташа Кметовска за новогодишната прослава ...
- Побоже ... ... В края на 19 век Побоже е българско село в Скопска каза на Османската империя. Според статистиката на Васил Кънчов („Македония. Етнография и статистика“) от 1900 г. Побоже е село, населявано от 520 жители българи християни.
No comments:
Post a Comment