Search This Blog

Wednesday, October 07, 2009

Зебрњак - Zebrnjak ... фото запис

http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-121.jpg?t=1256053757
сл.1  Зебрњак - Zebrnjak ...
Спомен костурница на погинатите србски борци (687 убиени, 3.280 ранети, 597 исчезнати) во текот на прочуената Куамновска Битка 23 и 24 Октомври 1912 година (Прва балканска војна Србија-Турција). Ова е битка каде србите по поразот на Косово 28 Јуни 1389 година - првпат извојуваат победа против османлиите. По оваа битка србите влегуваат во Скопје без борба. По битката во Битола 16-19 Ноември 1921, турците повторно се воено поразени и потиснати надвор од балканските простори ... Историски извори говорат дека на страната со србската војска учествуваат локални чети, предводени од локални војводи. Коските на МК доброволци и на србските војници најпрвин се чувани во црквата св.Ѓорѓи Старо Нагоричане. По изградбата на импозантниот споменик во 1937 година по проект на архитектот Миодраг Коруновиќ, коските со пригодни црковни обреди на 30 Октомври1937 се пренесени во импозантната спомен костурница на Зебрњак и осветени.             Повеќе ».....
Споменикот со вкупна висина од  48.5 метри е граден со базалитен камен (кој го има во близина) со армирано-бетонска конструкција. На најврбните точки споменикот бил осветлуван со три петро-макс лампи. Ноќе се гледал од голема далечина. Во времето на градбата бил највисок споменик на целиот балкан. Во приземјето на споменикот биле сместени коските од погинатите војници. Над споменикот во осум преградени простории имало мал музеј на артефакти од кумановската битка, на 18 метар имало меморијална капела, а на самиот врв имало импозантен крст. Фреските во капелата биле изработени од Живорад Настасијевиќ  ...

Во Мај 1942 година (во екот на втората светска војска) бугарската власт со помош на локални “гавази“ го минира и руши 2/3 од спооменикот. Бугарската влст знаејки ја светоста на овој споменик никојпат не го призна ова злодело, иако во тоа време се рушени и други споменици како на пример споменикот на Војводата Петко Илиќ Муса и првиот учител Крста Алексиќ во селото Старо Нагоричане - подигнат на 7.Мај 1934 год (срушен е со минирање на 21.Април 1941 год.) ... По завршувањето на втората светска војна споменикот е делумно реконструиран ... во 1985 година кога се врши поголема последна интервенција со цел да се конзервира објектот.

Во последно време има иницијатива од општината Старо Нагоричане со подршка на МК власт и власта на Србија да се направи темелна реконструкција на овој споменик. Пред извесно време министерствата за култура на Македонија и Србија потпишаа меморандум за соработка на еден таков проект. Во минатото на одредени годишнини се одржуваа и заеднички сослужувања на МК и србската црква - служејки заедничка панихида за загинатите војници.

Пред некоја недела бев на фото сесија на овој културно историски споменик од каде произлегоа моите фотографии ...
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-11.jpg?t=1256053797
сл.2  Ова е најчестата слика, која вообичаено се слика од новиот пат Куманово-Крива Паланка. Тука паралелно постои и стар пат, од каде се оди до споменикот ...
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-21.jpg?t=1256053822
сл.2  Од главниот асфалтен пат нема никаков патоказ, табла за да покаже каде може да се отклони од патот за да се дојде по споменкостурницата Зебрњак ... Ова мора под итно да го исправи власта на Општината Старо Нагоричане. Дури и јас кој потекнувам од тој крај едвај се снајдов за да стигнам до споменикот ...
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-51.jpg?t=1256053859
сл.3
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-101.jpg?t=1256053881
сл.4
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-171.jpg?t=1256053925
сл.5
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-181.jpg?t=1256053949
сл.6
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-131.jpg?t=1256054577 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-141.jpg?t=1256054610
сл.7 и 8
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-161.jpg?t=1256054656 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-151.jpg?t=1256054684
сл.9 и 10
 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-231.jpg?t=1256054988 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-241.jpg?t=1256055031
сл.11 и 12
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-41.jpg?t=1256054023
сл.13
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-111.jpg?t=1256054065 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-61.jpg?t=1256054180
сл.14 и 15
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-81.jpg?t=1256054249 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-91.jpg?t=1256054303
сл.16 и 17
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-211.jpg?t=1256055127 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-221.jpg?t=1256055208
сл.18 и 19
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-251.jpg?t=1256055715
сл.20
 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-271.jpg?t=1256056041
сл.21
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-281.jpg?t=1256056136
сл.22
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-291.jpg?t=1256056168
сл.22
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-301.jpg?t=1256056205
сл.23
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-32.jpg?t=1256056342
сл.24
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-191.jpg?t=1256054749 http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-31.jpg?t=1256054133
сл.25 и 26
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-201.jpg?t=1256054850
сл.27
Сви на колена, сви!
Овде је била
Свештена ватра жртве благородне,
Што су је махом широкијех крила

Змајеви наши распламтели. Нека
С молитвом сваки пољуби тло свето,
С кога је вишња загрмела јека

Освете слатке. И к`о талас бурни
Сињега мора разлила се широм
Преко равнина и гудура тмурни`,

Робље да прене и донесе вести:
Пламени обруч устрептана сунца
Како се рађа из крви и свести...

Сви на колена, сви!
Овде је Врело,
Где се сва лепа напојише срца
Снагом богова за боговско дело.

Овде је свети Храм. Овде је луче
Ватрама вере зажегла слобода,
Србију Стару да с нова обуче

У сјај и блеске као давних дана,
Када је, оно, Госпођа Царица
У одсевима гривна и ђердана,

Гледала одозго, с високих балкона,
С победа како император језди,
Уз урнебесни клик и поздрав звона.

Сви на колена, сви!
Алекса Шантић, 1913. године
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-311.jpg?t=1256056254
 
http://i639.photobucket.com/albums/uu116/volan-s/9-33.jpg?t=1256056295
 
http://www.rastko.org.yu/fotografija/rmarjanovic/slike/img/009.jpg
Војници око ватре, у предаху Кумановске битке.
http://www.rastko.org.yu/fotografija/rmarjanovic/slike/img/010.jpg
Комора у Куманову, октобар 1912.
http://www.rastko.org.yu/fotografija/rmarjanovic/slike/img/011.jpg
Турски војници, са крстом на капама, заробљени у Кумановској бици.
http://www.rastko.org.yu/fotografija/rmarjanovic/slike/img/012.jpg
Заробљени турски официр у Куманову.
http://www.rastko.org.yu/fotografija/rmarjanovic/slike/img/013.jpg
Кумановско бојиште.
http://www.rastko.org.yu/fotografija/rmarjanovic/slike/img/015.jpg
Први воз после битке за Куманово.

2 comments:

Anonymous said...

Planiram sega vo sabota da go posetam. Dali mora da odam po stariot pat za palanka? Pozdrav

Photo Volan said...

Вака, оди си по новиот пат бидејки стариот е ужасен. Кога дијагонално ке го поминеш Зебрњак на една надолнина ке те причека одклонување кон десно ... тоа ке те доведе до стариот пат - ке се вратиш назад едно 200 метри каде ке те дочека една многу убава кафена (ке имам пост и за неа) - тогаш сврти лево по асфалтен пат кој е во добра состојба ... последните пола километар се макадам и ке стигнеш до пред споменикот.

Ако сакаш да се качиш со автомобил до горе ке мора да ризикуваш и да возиш претпазливо, бидејки патот е многу оштетен. Најдобро е тие 200/300 метри да ги изодиш пеш ...

СпоменКосурницата е затворена со метална врата и внатре не можеш да влезеш, но ке имаш добар поглед на сите четири страни ... Колку знам во сабота ке биде добро време па ако си фотограф ке направиш и убава фотографија ...

Најубаво е повторно да се вратиш по истиот пат но внимавај на влегувањето на главниот пат ...

Секоја среќа - поздрав

Blog Archive

Site Meter