Search This Blog

Tuesday, October 20, 2009

Руски морков тежок 1 милијарда долари ... кредит доделен на Србија ...

 
Русија и Кина во последните десетина години се вистинските нови економски гиганти, кои делуваат на светската политичка сцена - делуваат преку своите економски инекции во форма на кредитни линии. И Кина и Русија дадоа огромни средства на ММФ при последната светска економска криза. Руските економисти година дена пред кризата најавуваа крах на западните економии. И Кина и Русија даваат непосредни кредитни линии за да делуваат и политички.

Минатите години Русија додели големи инвестициони кредитни линии во Србоја (особерно во енергетскиот т.е. нафтениот сектор и снабдување со гас). Србија “цица“ од две мајки, како што некојпат “цицаше“ Тито со неговата политика на земање помош и заем од двата спротивствени блока (истокот и западот). Путин и Медведев ја продолжуваат политиката на доделување на кредитни линии на србското стопанство. Денеска при посетата на Медведев на Србија се обелодени нова кредитна линија од милијарда долари за српското стопанство. Проблемот со Србија е што Србија не ја научи лекцијата од историјата - кога Русите во најтешките моменти престануваа да помагаат и си ги гледаа своите интереси ...

Дали сето ова ке повлијае за некакви наши (македонски) нови позиционирања во светската политичка сцена и барање на алтернативни економски и политички решенија за нашите проблеми. Можеме ли т.е. умееме ли ние во сето ова да профитираме или нашите политичари како и досега ке си ги товарат само своите лични магариња а нас ке не дават во калта на разгорените национализми ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter