Search This Blog

Saturday, October 31, 2009

Груевски сепак преферира референдум за името ...


Се чинеше дека притисокот на таканаречена меѓународна подпомогнат со ставовите на опозиционите и албанските партии од Македонија ке го одведе Груевски до решавање на спорот со името без ветениот референдум. Солана на последната средба со Груевски ова му го испорача. Како што стојат работите Груевски останува на своето цврсто уверување дека за промена на името мора да се праша народот на референдум ... Со ова Груевски кој за ова веројатно го сондирал мислењето на народот застанува на страна на народот и по цена на кочење на интегративните а со тоа и економските процеси, ризикувајки притоа да биде изолиран од меѓународната ... Водата ја мати Пртседателот Иванов кој деновиве изјави дека постои варијанта проблемот со името да се реши и без референдум.                 Повеќе ».....

Колку гледам сега се врши притисок на сите парламентарни партии да се постигне консезус за референдумот и референдумското прашање. Ова секако нема да помине мазно кај опозицијата која вели дека Груевски ја има парламентарната моќ сам да го истурка ова тешко прашање - со што сака сето тоа во иднина политички да го користи. Сето ова е знак дека до декември нема да се реши спорот кој е закочен и од грчката страна која бара замена на Василакис и со тоа ги одложува преговорите кои се водат под покровителство на ООН.

Има една вистина а тоа е дека најпрвин треба да се постигне спогодба со Грција за името па да се оди на  референдум. Скоро сум убеден дека грците нема да ја играат таа игра. Ако има референдум во Македонија логично е да има референдум и во Грција. Мисли ли некој дали може таквиот референдум да помине во Грција ?? ... Позитивен чекор кон сето ова е кратката средба на Груевски и Папандреу. Средбата ја тумачам само како гест на добра воља. Единствено со кое досега Груевски попушта е закочување на процесот на антиквизацијата и градбата на МК антички обележја. Тие се успорени, одложени но не и одкажани.

No comments:

Blog Archive

Site Meter