Search This Blog

Thursday, May 14, 2009

Дострели на МК дипломатија во ЕУ ... жолт дипломатски картон ...

Новиот Претседател на РМ Ѓорѓе Иванов во друштво со Премиерот Груевски деновиве беа во дипломатска мисија во седиштето на ЕУ. Што одвоено што заедно беа примени од Хавиер Солана високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, од Оли Рен еврокомесар за проширување и евроинтеграции. Попат се сертнаа и со белгискиот Премиер Херман ван Ромпи. Но изостана посетата со претседателот на Европската комисија Баросо. Немаше средба ни со еврокомесарот за надворешна политика Валднер.

Повеќе »

На ова патување на нашите највисоки представници се случи и мал скандал бидејки новинарот на Алфа телевизија бил исклучуван од списокот на акредитирани новинари, за што се огласи и ЗНМ - барајки појаснување од владата за специјалниот негативен пристап/селекција кон овој новинар.

Главни теми на нашите највисоки представници на сите средби е најавеното укинување на визниот режим во ЕУ, за што деновиве подршка даде и Грција преку изјава на својот дипломатски представник во Скопје. Како и добивање датум за преговори за членство во ЕУ.

Од средбите нашите представници - поточно Претседателот Иванов истакнал дека Македонија е спремна за брзо решавање на спорот за името со Грција. Појаснето е дека двојната формула е одавна напуштена. Сега е во игра таканаречениот “разумен компромис“. Од нашите авторитети е побарано сериозни реформи во судството како и исполнување на другите бенџмаркови. Разговарано е и за децентрализацијата на ИПА фондовите.

Голема мистерија е одбивањето на прием кај првиот човек на ЕК Баросо, кого веројатно сеуште го држи лутина од некои изјави поврзани со Премиерот Груевски. Оправдувањето било дека Баросо е во Шпанија. Чудна е ситуацијата МК високи представници да не се сретнат ни со еврокомесарот за надворешна политика Валднер. Бидејки Валднер е еврокомесар од Австрија, можно е тоа да се поврзува со спорот со ЕВН кој е актуелизиран деновиве во високите кругови на ЕУ дипломатите. Недипломатскиот потег на Баросо кој не ги удостои нашите највисоки представници можеби значи и спуштање на нивото, т.е. своевиден жолт дипломатски картон.

Од оваа заедничка посета нашите надворешнополитички коментатори и новинари извлекоа заклучок дека Претседателот Иванов е во сенка на Премиерот Груевски, дека Иванов почнува да ја игра улогата на “громобран“ за надворешната политика на Груевски.

4 comments:

Anonymous said...

Ebati ovaa vlada,ebati,ovoj pak Gruevski kako zaebava nikako da im ugodi na "opozicijava" i nejzinite simpatizeri ....... a ovie pak kutrive polni so negativna energija,sve nesto im fali....

Anonymous said...

Abe edno,barem edno nesto da bese pofaleno od ovaa utepana opozicija,sve samo gorcina i pelin i plukanje po Grujo ...... koj patem za malku ke ja doziveal sudbinata na Trajkovski,za sreka negova i druzinata mu i nivnite familii, imalo gospod.......

Anonymous said...

А дента Трајковски кога погина немало Господ?

Или Господ бил излезен на кафе негде?

Anonymous said...

Imalo druze imalo i sekogas ke ima ali togas batkava bil na mocanje,ti teknuva neli?

Blog Archive

Site Meter