Љубанци гледано од чардакот на старата куќа на фамилијата Кекеновски ...
Вчера по подолго време повторно бев во Скопска Црна Гора, се разбира овојпат во потрага по добра фото приказна, пред се од многуте цркви и манастири во тој крај кои се со богата средновековна историја. Сега само ке набројам некои од поиважните кои секако ке бидат мета на некоја моја идна фото приказна:
- Манастирската црква Св. Богородица се наоѓа на падините на планината Скопска Црна Гора, северно од Скопје, во близината на селото Побожје. ... подигната некаде околу XIV или XV век. ...
- Во селото Кучевиште се наоѓа црква посветена на св. Воведение на св. Богородица, кај населението таа е позната под името Св. Спас ... изградена и живописана, нешто пред 1348 година ...
- Манастир Св. Архангел се наоѓа на 3 километри одалеченост од селото Кучевиште ... црквата била изградена веројатно кон крајот на XIV или XV век ...
- Манастирски комплекс св. Никита кој се наоѓа во близина на Македонско-Српската граница. До манастирот се стигнува по асфалтен пат кој поминува низ селото Бањани ... На темелите од постара црква, кралот Милутин ја подигнал манастирската црква како своја задужбина во 1307/8 година ...
- Манастирот Св. Илија Горни се наоѓа во близината на селото Бањани, во подножјето на планината Скопска Црна Гора, во долината на Бањска Река, ... Според зачуваните остатоци од првиот слој се претпоставува дека црквата била изградена во XIV век ...
- СВЕТИ ЃОРГИ - с. БАЊАНИ ... Од натписот над влезната врата, од внатрешната страна на црквата, дознаваме дека е завршена во 1548/49 година ...
- Манастир Св. Никола (с. Љубанци, скопско) ... граден во средината на 19 век како последица на едно видение во сон на селанецот Бојко Раев, којшто се именува како негов ктитор ... Иконостасот во манастарската црква е изработен од познатиот македонски мајстор Дичо Зограф ...
- ЦРКВА СВЕТИ ЃОРГИ - с. БАЊАНИ ... На падините на Скопска Црна Гора, во селото Бањани, се наоѓа малата црква посветена на светиот воин Ѓорѓи Победоносец. Од натписот над влезната врата, од внатрешната страна на црквата, дознаваме дека е завршена во 1548/49 година, во време на султанот Сулејман, а во истата година била и живописана. ...
- ЦРКВА СВЕТА ПЕТКА - с. ПОБОЖЈЕ ... зачуван натпис за колективно ктиторство во кој се известува дека осликувањето е завршено во 1500 година ...
- На 13 км северозападно од Скопје, на падините на Скопска Црна Гора, во селото Љуботен се издига убавиот средновековен храм посветен на св. Никола. ... црквата е изградена од средствата на госпоѓата Даница и нејзините синови Бојко (господар на Матка) и Димитар (господар на Звечан на Ситница), во времето на владеењето на српскиот крал Стефан Душан во 1337 година, а живописот е изведен во времето на Царството по 1346 година. ...
- ЦРКВА СВ. НИКОЛА - с. РАДИШАНИ ... Историските податоци за неа се скудни, а таа потекнува од XVI век. ...
- ЦРКВАТА ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО (СВ. СПАС) - С. РАШТАК ... На источната страна на планинскиот масив на Скопска Црна Гора, во с. Раштак се наоѓа црквата посветена на Вознесението Христово (Св. Спас), градена во 1861, а живописана во 1863 година.
- Веројатано има уште цркви и манастири во тој крај од постар и од понов датум ... тие ке искочат од деталната фото претрага на Скопска Црна Гора која планирам да ја направам ...
Клик на мапата за поголема ...
Клик тука ако сакате да го видите Љубанци на maps.google.com ...
Како што се гледа од мапата на maps.google.com Љубанци лежи во долината на реката Серава, која извира неколку километри погоре во Скопска Црна Гора ... Серава и коријата/шумата во Скопска Црна Гора му го даваат смисолот на животот како и егзистенцијата на Љубанци низ историјата до денес. Населението сега брои околу 1000 жители православно македонско население, во 350-сетина куќи (од кои некои многу стари и трошни ...). Населението воглавном живее од сточарство, со многу малку полиња со житни култури ... Некогаш главниот приход бил од блиската шума - на Скопје секојпат добро му доаѓало огревното дрво од Скопска Црна Гора ... Во времето на големата индустријализација на Македонија многумина од таа генерација се вработија во фабриките низ Скопје, за сега кога многу од тие фабрики во транзициониот период се затворија - повторно се вратат во своето село, каде одново го развиваат сточарството ...
Во Љубанци и денеска важна улога игра/ло добриот коњ, јаката мазга и магарето ... веројатно поради транспортот на огревното дрво од коријата до селото ... селото слави многу слави особено слави поврзани со Свети Никола (летен и зимски ...). Има традиција на маскембал за Прочка ... На сред село тогаш има големи собири на луѓето од околината - се слави се весели се јаде и се пие, се низ забава и смеја. Селото одсекогаш бил голем центар во околината. Основното училиште Гоце Делчев е центар каде учат многу деца од околните села. Тука учеле некојпат и децата од Радишани на пример ...
Во склоп на Училиштето има Интернат за деца без родители „Гоце Делчев“, кој е многу стар изграден уште далечната 1945 година ... неодавна е реновиран со донација и помош од Британската детска академија заедно со Британската Бизнис Група ...
На зидовите на школото „Гоце Делчев“ има спомен плоча на погинатите во текот на втората световна војна. Во поновата МК историја Љубанци го карактеризира конфликтот во 2001-та кога по погибјето на 8-те војници во блиските љубански бачила (Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски) ... На 10. август 2001- ва, околу 08.00 часот изутрината, воено возило на АРМ, што му припаѓало на Третиот баталјон, беше уништено од експлозивна направа со далечинско управување, во заседа, кај местото Љуботенски бачила ... Возилото ги носело во Љубанци војниците од Втората чета на кои им завршила смената ... Брзо потоа се случи офанзива на регуларната војска и полиција, кога погинаа десетмина припадници на УЧК во блиското село Љуботен ... Сето ова беше повод Хашкиот Трибунал да му суди на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, кој по потекло е токму од Љубанци ... Раните од таа случка сеуште не се залечени ...
До Љубанци води асфалтен пат ... има редовна автобуска линија „47“-ца ... неодавна е изграден современ водовод и започната изградба на канализациона мрежа ... Изграден е спортски терен кој поседува сопствено современо осветлување ... Селото е сеуште живо и живописно ...
Но да тргнам со мојата фото сторија за Љубанци ... Кога ке дојдеш во некое село во кое првпат доаѓаш, најдобро е за тоа што те интересира да појдеш во првата селска продавница, да испиеш пијалак на гајба, пред или во продавницата и да се информираш ... Така направив и јас, влегов во првата поголема продавница нарачав ладна кока кола, ми пријаше и прашав за блиските цркви и манастири. Љубезната продавачка која цел живот го поминала во Љубанци, сега во биснисот со гранапот ми појасни дека во селото има четири цркви и манастири, две цркви во самото село Св. Богородица и Св.Никола ... и два манастира во близината на селото - женскиот Манастир Св.Никола и новиот манастир/цркава, за кој ми раскажаа интересна сторија за неговиот настанок:
1.
Сакрална црква посветена на Св.Богородица - близу до центарот на Љубанци, со одлична трпезарија во која се служат помени и заслуги ... Црквата не е многу стара но не е ни нова. Грижливо обновена со средени површини наоколу. За неа во некој иден пост ке направам посебна фото приказна ...
2.
3.
4.
Ново игралиште за мал фудбал и ракомет ...
5.
Три девојчиња, качени на керамиди бератат свежи кисели сливи ... весели девојчиња кои ги сретнав уште еднаш ... љубезно ме поздравија и помуабетеа ...
6.
Завршувајки со сликањето на Св. Богородица во Љубанци се упатив во блиската Црква Св. Никола која се наоѓа на некои 200 метри воздушно од Св. Богородица - истотака во сместена во самото село ... Попат приметив неколку стари куќи кои секогаш ми го привлекуваат вниманието. Ваквите стари куќи со специфична градба во типичен македонски стил со испуштени дрвени тераси и големи чардаци страшно многу го привликувааат вниманието на моот фото апарат.
7.
Меѓу сликање на две постари куќи од еден од дворовите излезе ова младо прекрасно коњче. Бел коњ одсекогаш значел гордост за стопанот.
8.
Во разговор со домаќинот, кого го прашав за старост на куќата - тој ми рече дека незнае, куќата ја купила неговата фамилија.
9.
Од далеку ја здогледав оваа куќа, која има висина на четирикатница, со огромни испуштени тераси на три страни ... пријдов да ја фотографирам. Сфатив дека фото сторијата ке натежнее кон староградската архитектура на овие некогаш но и сега прекрасни куќи - кои во себе имаат толку многу патина и фамилијарна историја. Колку само генерации на луѓе пораснале во оваа прекрасна куќа, која иако нагризена од забот на времето сеуште пркосно стои ... Да подсетам скопскиот земјотрес од 1963-та и тука добро се почуствувал, но повеќето од ваквите куќи поминале само со гребнатинки ... Од употребеноста на дрвената граѓа (даб, костен, орев, брест ...), се гледа дека некојпат како и сега во околината имало квалитетна дрвена граѓа - но и добри мајстори ...
10.
11.
Пријдувајки поблиску до куќата, сакав да ја обиколам - но бев спречен од две поголеми кучиња врзани на ланец ... Иако немам страв од кучиња сепак по совет на газдарица на кучињата (стара бабичка, која попатно рече ех каква куќа каво време ... кој сега ке направиваква куќа ...)... затоа појдов по другата страна ..
12.
13.
14.
Под тремот на главниот влез на куќата која ме опчини се сретнав со стара “ветерница“ ... справа која ми е позната од мојот детски живот кај дедоми ... Ова беше последна мода на техника во шеесетите години од минатиот век ... Имено по вршидбата на житото во “гумното“ (едвај најдов соодветен линк за гумно ...) - каде со помош на коњи и други домашни животни, житото требаше да одвои од сламата ... На крај на денот од ваквата долга и тешка вршидба, кога ке се острани сламата на дното останува житото измешано со ситната плева ... таа смеса треба да се просее од плевата ... тоа дотогаш се правеше со помош на природниот ветер фрлајки го житото со дрвени лопати ... ветерот ја одвејуваше плевата. Бидејки ова беше многу долг и мачен процес - спас представуваше направијата од горната моја слика наречена ветерница/ветерњача ... Житото сосе плевелот се сипуваше одгоре. Ветерницата се задвижуваше рачно, произведувајки вештачки ветер - житото одеше и низ неколку сита каде се одстрануваа покрупни камења и останат плевел ... така се добиваше чисто жито од кое потоа се мелеше и се добиваше првиот “бел леб“ ...
15.
Централниот и главниот влез на куќата од мојот посебен интерес ...
16.
17.
18.
19.
Тајната на трајноста на ваквите куќи од дрво и камен, мешан со специфична глинена кал во која се додава ситна слама е во специјалното кајловање и спојување меѓу дрвената граѓа и камените слоеви ... секако во употреба била само квалитетна дрвена граѓа - но и многу мајсторија ...
20.
Неколку фотографи со широк поглед кон Љубанци ...
21.
22.
23.
24.
25.
26.
27.
28.
29.
30.
Меѓу многуте стари куќи во селото оваа беше втора што ме плени ... тоа е старата фамилиарна куќа на фамилијата Кекеновски ...
31.
32.
Погледајте како мудро и мајсторски е решено потпирањето на скалите кон чардакот ...
33.
Самари едниот за коњ (поголемиот), другиот за мазга ...
34.
И оваа слика ми врати дел од спомените од детството и куќата на дедо ми ... ваквите вградени долапи во зидот и обесени разни алатки имаше и во куќата на дедоми ...
35.
Новата куќа на фамилијата Кеконовски која ја користи и старава куќа ...
36.
Ковчег во кој се чува рубата ... носијата ... и денеска тука се чуваат старите носии кои се вадат само за слави и големи прослави ...
37.
38.
Прекрасен поглед од чардакот на старата куќа на Кекеновци ...
39.
Врбата со која и тука се кити секоја куќа за ден Ѓуѓовден ... имав посебен пост за ова ... Дента кога сликав беше трет ден Ѓурѓовден.
40.
41.
42.
43.
44.
45.
46.
47.
48.
49.
50.
51.
52.
53.

Тука ке ја прекинам фото приказната ... која заради големината т.е. бројот на фотографиите одлучив да оди во два дела, за да може побргу да се отворат многуте фотки ...
No comments:
Post a Comment