Карневалот, цар на Европа - Музеј на Македонија Скопје ... Carnival King of Europe - Museum of Macedonia Skopje ...
И на нашиот блогерски простор беше најавана оваа манифестација на Музеј на Македонија во оквир на таканаречената “Ноќ на музеите 2009“. Поточно најава имаше на блогот на Надежна (подржана и од насловна) и предходно на блогот на Арвена т.е Археолошки дневник.

Се работи за проект на ЕУ кој е спроведен во пет ЕУ држави Франција, Италија, Хрватска, Македонија и Бугарија - со соодветни манифестации во секоја држава посебно. Целиот проект “Карневал, царот на Европа“ е подготвен од Етнографскиот музеј на Трентино Италија Museo degli Usi e Costumi della Gente Trentina. Секоја од петте држави учествувала партнерски во проектот. Целта на проектот е соодветно истражување во врска со зимските карневали кои се одржуваат во овие пет држави, пронаоѓање на заеднички етно точки во традиционалните маскемпали и обреди.
На изложбата дојдов 15 минути пред почетокот. Имаше само неколкумина од вработените на самиот Музеј на Македонија. Пет минути по мене дојде и Фуере. Изненаден што не гледа луѓе, ја молеше директорката на Музеј на Македонија манифестацијата да почне на време, бидејки тој требаше да ја отвори. Директорката проба да му појасни на амбасадорот Фуере дека тука на нашиов балкански простор манифестациите секојпат доцнат со отварањето. Веројатно поради таа балканска навика премиерот доцни барем половина час на било каква манифестација. Со доцнење од вообичаените 15 минути на инсистирање на Фуере кој требаше да оди на друга манифестација, каде истотака е поканет - во присаство на едвај триесетина луѓе од кои повеќе од половина вработени во Музејот на Македонија Фуере сепак ја отвори оваа манифестација.
Се преслушав во себе што може да е причината што на вака добро и скапо подготвена манифестација има еднај дваесетина гости. Од каталогот на манифестацијата се информирав дека во нејзината подготовка учествувале педесетина македонски експерти од разни струки. Можеби вечерта луѓето се одлучиле да го гледаат Бољшој театарот кој беше гостин во МНТ. Можеби премногу луѓе останале да гледаат евровизија. Можеби повеќето од официјалните гости беа гости на свадбата на Влатко Ѓорчев, кој вечерта правеше свадба со 600 гости на средно водно. Можеби луѓето се плашат навечер да се шетаат низ старата чаршија. Како и да е, која и да беше причината за ваквата прескромна посета на оваа манифестација тоа е срам за организаторите. Можеби едноставно манфестацијата не беше доволно рекламирана низ медиумите. Последната причина ми се виде најверојатна. Премалку се рекламираат културни настани кои секојдневно се случуваат низ Скопје и Македонија.

Во склоп на изложбата беше поместена и етнолошката изложба за предмети од дрво кои се употребувбаат на овие етно простори. Да не заборавам да одбележам дека големо освежување беа средношколците од ДМБУЦ Илија Николовски Луј, Оддел за традиционална музика и игри - кои изведоа една етно песна и два ритуални танци кои се карактеристични за нашите џамаларски карневалски случувања ...
На крај во склоп на оваа манифестација имаше перформанс “Портали од исламски верски објекти во Македонија – Османлиски период“, со презентација на традиционална храна и пијалоци со ориентално потекло организиран во блискиот Куршумли ан.
Вакви манифестации не заслужуваат да се прават пред само 20 скопјани. Ова не е ни прва ни последна манифестација која во организација на Музеите на Македонија има премалку посетители. На манифестацијата имаше само една камера, која беше присатна додека беше присатен Фуере и еден фоторепортер.
1 comment:
ne se sekiraj, naskoro Muzejot na Makedonija vekje nema da postoi. Toj ke bide razdelen na povekje muzei, Eden od niv e Arheoloshkiot koj se gradi na samiot kej, a vo nego ke se vleguva valjda od chamci. Taka se' ke otide vo veter i magla. Dobro e shto si bil i si slikal, barem neshto ke ostane za istorijata
Post a Comment