Search This Blog

Sunday, May 17, 2009

Зошто е важно да пишуваме на англиски јазик ... блогери пишувајте на англиски ...

http://french-genealogy.typepad.com/.a/6a01156f3ad8b4970c01156f3f7351970c-800wi

Одавна им советувам на сите што знаат англиски да пишуваат одвреме навреме по некој напис на англиски. Особено тогаш кога се работи за некоја тема каде се зборува за историски, археолошки теми поврзани со Македонија. Кога се дава фото сторија од некое место кое треба да се промовира.

Повеќе »

Македонскиот јазик е јазик кој го говорат нешто повеќе од 2 милиона луѓе. Се што ке напишеме на нашиот мајчин јазик останува закопано меѓу овие два милиони луѓе. Така светот неможе да не разбере. Во време на интернет кога се повеќе луѓето се информираат од интернет, од официјалните сајтови на државни институции, непростиво е што нашите институции кои се поврзани со области на нашата историја и култура немаат активни сајтови на англиски јазик. Странците кога се интересираат за Македонија заради било каква причина, туристичка, или незнам каква - пребаруваат на интернет повеќе извори. Многу се радуваат кога ке најдат написи од обични граѓани на Македонија кои пишале збор два за било што. Таквите написи бидејки се ЛИЧНИ се сметаат за многу порелевантни од написите на институциите.

Тоа беше и причината зошто во предходниот напис (Македонскиот јазик е во црна дупка на светските интернет пребарувачи) се залагав на некого да му текне и Македоскиот јазик да се уврсти во Google машината за преводи.

Самиот во последно време се носам со идеја моите фото и видео стории да имаат кратки преводи на англиски јазик, барем во насловот. Веројатно е дека ке покренам посебен блог само за такви написи на англиски јазик каде ке се поместат фото и видео стории кои ги правам ширум Македонија. Идејата е на таков начин како граѓанин на Македонја да промовирам одредени вредности/приказни од Македонија - преку универзалниот јазик на фотографијата. Но за да некој ја пронајде на интернет најдобро е тоа да биде подкрепено барем со краток напис на англиски.

Утрово ме изненади реакција од еден меил. Имено мојот напис за Француски гробишта Скопје ... French Military Cemetery in Skopje ... фото и видео преку пребарувач е пронајден и извесна госпоѓа која се интересира за Генеологијата на француската култура и историја. Ми пушти меил со молба да одговорам на неколку нејзини прашања за потоа истото го објави во нејзиниот блог The French Genealogy Blog. Госпоѓата Ана која има интересна приказна за нејзиниот интерес за генеологијата, која го поминала светот уздуж и попреку родена во Калиформија, открива дека е по потекло од Канада од пред пет генерации. Попат среќата ја носи во Франција Париз бидејки се мажи за француз и сега заради својата фамилија се интересира и учи за генеологијата на фрацуската држава и култура. Ана ја запрашав како го пронајде написот бидејки се изјасни дека незнае Македонски ме информира дека ме пронашла преку написот на Филип на "Global Voices Online" Macedonia: French Military Cemetery in Skopje.

Затоа луѓе, блогери пишувајте на англиски.

3 comments:

Un said...

Гугл адсенс рекламите не ги ставај таму, тоа е една од причините да те банираат, т.е. да ти го суспендираат акаунтот. (имам милион причини поради кои може да те банираат)

Најефектни се помеѓу постовите да ги ставиш. (имаш едно MONETIZE во опциите на блогер, наједноставно и нјабрзо за да не се мачиш со кодови и хтмл скрипти)

Ко второ, еднаш ќе ти пратат чек, вторпат не се знае, може да се случи пред да го исполниш лимитот на пари да те банираат, ова им се случува на 3/4 од оние кои се дел од адсенс.

Е така па сега размисли си. :)

Un said...

Има милион причини поради кои може да те банираат* - кај тебе причината е тоа што не се видливи.

Photo Volan said...

Те послушав, и така планирав да ги тргнам.

Blog Archive

Site Meter