Несомнено најстаро дрво во Македонија е охридскиот чинар ...
Платанот (Platanus Orientalis) од Охрид, кај народот попознат и како чинарот ... Според народните преданија и легендите, чинарот во центарот на Охрид расте уште од времето на Св.Климент Охридски за кого уште се вели дека лично го засадил (прва половина на IX век).
Легендите и преданијата велат дека охридскиот чинар е стар 11 века, иако стручните лица велат дека најверојатната старост е околу 6 века ...
Легендите и преданијата велат дека охридскиот чинар е стар 11 века, иако стручните лица велат дека најверојатната старост е околу 6 века ...
Охридскиот чинар е вечна инспирација за сите охриѓани, особено за уметниците. Тоа е место каде одсекогаш луѓето се договарале да се најдат во Охрид. Место каде некојпат се изнајмувала работна сила во сезоната на грдба. Постарите времиња го паметат чинарот како место каде се извршувале егекуции. За значението на чинарот има убав напис објавен на forum.com.mk - „Чинарот“ , пишано од Васко Марковски.
Во Август 2002 година силен ветер ја урна најкрупната гранка од Чинарот заедно со дел од старото стебло. Тоа беше сигнал итно да се конзервира и заштити чинарот од слични незгоди. Одтогаш охриѓани чинарот го имаат прекрстено во “Робокап“, бидејки личи на робот. Можело тогаш а може и сега заштитата од видливите страни да се обложи со имитација на кора од дрво ...
Колку што се сеќавам Охрид и охридско има барем уште два стари чинара ...
Стариот костен во Кратово, се смета дека е стар 650 години ... обемот на стеблото му е околу 7 метра, високо е 15 метра ...
Кратовските стари борови ... Откако бил исечен борот, луѓето изброиле околу 650 прстени ...
Битола истотака има многу стар чинар кој се наоѓа на улицата Димитар Влахов кај некогашната градска бања, во подножјето на битолскиот "Баир", е трет по старост во земјава, засаден уште од времето на Турците.
Тука некаде со старост се мери и најстариот чинар во Скопје кој се наоѓа на влезот на Гази Иса Бегова Џамија - Скопје и се смета дека е стар колку и џамијата која е изградена во 1475/76 година.
Во дворот на џамијата Јаја-Паша имаме истотака импозантен чинар за кој се смета дека е стар околу 300 години. Стар чинар имаме и во центарот на старата скопска чаршија веднаш до Капан Ан ...
Во дворот на џамијата Јаја-Паша имаме истотака импозантен чинар за кој се смета дека е стар околу 300 години. Стар чинар имаме и во центарот на старата скопска чаршија веднаш до Капан Ан ...
Дудинката - Лесновски Манастир, Дудинкава е прастара, велат повеќе од 500 години ...
Од краткото истражување по нет низ Македонија открив уште неколку стари дрвја. Сигурен сум дека тие не се сите кои заслужуваат да се наречат стари дрвја, кои се постари од неколку века. Воколку знаете за такви пишите во коментар или пратете ми фотка за да го дополнам постот. Многумина сметаат дека ако застанеш неколку минути и во рацете држиш старо трупло од дрво кое сеуште расте, ти се пренесува фина енергија. Таков случај имаме и во овој запис.
- ЈАСТРЕБНИК - СЕЛО СО ПЕТВЕКОВЕН СТАРЕЦ ...
- Старо дрво на месноста Калуѓер во Рогачево, Македонија ... ...
- Во бонсаи паркот во Скопје има дрвце буџус семпервиренс вардар валес, старо повеќе од 230 години ...
- На овој линк ке најдете галерија на дрбја со интересна градба ...
- Тука на овој линк ке ја најдете листата на најстарите светски дрвја ...
2 comments:
E ova e jako lepo batka ..... mora da se priznae ...
секоја чест за постот
Post a Comment