Спотот го сакам - во младоста се бавев полпрофесионално со карате, џудо, јога (иако не е спорт), стрелаштво, куглање и шах (кој истотака некои не го сврстуваат во спорт). Бидејки се тоа многу спортови во ниеден не достигнав некои големи дострели, но доволно се занимавав со нив за да ги засакам. Се` се тоа од таканаречените мали спортови. Иако многу ретко пишувам за теми од областа на спортот, осем кога има нешто многу актуелно и невообичаено, еве прилика да истакнам голем успех на македонското куглање.
Имено македоскиот репрезентативец Борис Бенедик на Светското првенство во куглање кое се одржува во Детенхајм Германија во натпреварот со Босна и Херцеговина го собори рекордот во соборени кегли, постигнувајки резултат од 698 кегли.
- Борис Бенедик постави нов светски рекорд
- Слика 1, Слика 2, Слика 3, Слика 4, Слика 5, Слика 6, Слика 7, Слика 8, Слика 9, Слика 10, Слика11, Слика 12, Слика 13, Слика 14, Слика 15, Слика 16, Слика 17.
- СП куглање – Македонија урна светски рекорд
- Македонските куглари урнаа светски рекорд
- И Македонија фаворит за медал
- Кој е светскиот првак во куглање од Брашов, Романија, со македонски пасош и државјанство
No comments:
Post a Comment