Згаснати оџаци на ОХИС ... да е само на ОХИС ...
Во Македонија имаме премногу изгасени оџаци . Подсететесе во колку постари капацитети оџаците престанаа да чадат. Во транзиционата историја на Македонија списокот на згаснати оџаци е долг. Од друга страна не се градат нови фабрички оџаци. Она што се гради во Македонија се трговски капацитети каде се продаваат странски производи. Ова е веројатно главната причина што Македонија има толку лош катастрофален однос на увоз и извоз на производи т.е. ужасно лоша платнобилансна позиција. Секоје згаснување на некој стопански оџак значи згаснување на десетици, стотици па и иљадници домашни оџаци. Истовремено тоа значи продолжување на тенденцијата на иселување од Македонија во потрага за својата и фамилијарната егзистенција.
Оџак што не чади - не носи среќа ... Кој е кривецот што не ни чадат оџаците ??
Да се подсетиме кои оџаци згаснаа во транзиционата историја на Македонија. Се започна во 2000-та година со изготвување на списокот на 40 големи загубари - за кои пресудата гласеше “да се ликвидираат“. Во тие капацитети работеа повеќе од 40.000 вработени. Во тоа време тие на државата и должеа цирка 120 милиони евра во форма на неплатени придонеси. Цифрата од 120 милиони евра сега ни изгледа смешна во однос на затворените работни места. Има пресметка дека од сите 40.000 изгубени работни места само 5.000 луѓе успејаа да најдат ново вработување. Тоа значи дека со згаснувањето на тие 40 оџаци згаснаа 35.000 фамилијарни оџаци. Згора на тоа ако се направат пресметки колку Македонија ја кошта згрижувањето на работниците социјалци - кои во разни социјални пакети беа згрижувани, ке се добие многу поголема цифра од 120 милиони евра.
За подсетување ке спомнам некои од 40-те оџаци на кои во 2000-та им беше пресудено да згаснат:
1. Охис
2. Рудници и железарница „Скопје“
3. Алумина
4. Тутунски комбинат-Прилеп
5. Тутунски комбинат-Скопје
6. Тутунски комбинат-Куманово
7. Емо
8. ГП Пелагонија
9. ГП Техника
10. ГП Маврово
11. Повеќето од земјоделските комбинати
12. Млекара Скопје
13. Еурокомпозити
14. Газела
15. Сувенир
16. Типо
17. Порцеланка
18. МХК Топилница
19. НИП Нова Македонија
20. Македонски ткаенини
21. МЗТ Фам
22. Готекс
23. Годел
24. Саса
25. ФАС 11 Октомври
26. Злетово рудници
27. Рудници Тораница
28. Хемтекс
29. Фринко
30. Карпош ткајачница
31. Микрон
32. Газела
33. Руен
34. Нокатекс
35. Југохром
36. Фени
37. Фротирка
38. Силика алуминати
39. Астибо
40. Злетово батерии
41. Отекс
42. Треска мебел
43. Македонски железници
44. Преспатекс
Списокот е нешто подолг од 40 затворени оџаци - во меѓувреме од стартот во 2000-та тие се намножиле. Само мал дел од овие згаснати оџаци е рестартиран.
No comments:
Post a Comment