На денот на штрајкот на новинарите заради загрозување на правата за слободно изразување и ослободување на притисоци од политичарите, бизнисмените и сопствениците на медиумите ... се случи вселување на уште една „фабричка зграда на МК бирократски апарат“ ... види чудо тоа е токму некогашниот Дом на новинарите на РМ (НИП-от) ... некогашната “новинарска фабрика“ ...
Дека ова е процес покажува и еден друг дом на новинари - зградата на МРТВ е веќе освоена од вработените во “фабриката на државната администрација“ ... Македонија при осамостојувањето (пред транзицијата) броеше некаде околу 70.000 работници кои тогаш работеа во “државните административни фабрики“ ... Со сите транзициони реформи кога на улица останаа над 250.000 работници во реалниот сектор - заради нивната транзициона трансформација ... види чудо “државните адмиистративни фабрики“ доживеаа препород ... бројките велат дека сега се околу бројката 130.000 вработени ... ако ги додадеме и оние кои се хонорарно вработени бројката ке достигне близу до 200.000 државни административци, кои се веќе партијски тотално поделени меѓу меѓу двете најголеми(државотворни) партии во МК ... Истовремено државниот буџет порасна за неколку пати се` со цел да ги задоволи потребите на овие “државни фабрики“ ... Ова се вика процес на јадење на државата одвнатре ... или уште подобро државен канибализам ...
No comments:
Post a Comment