Search This Blog

Friday, May 08, 2009

Велосипедска патека - Кај на Вардар од Центар до Ново Лисиче ...

1.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/91Large-1.jpg?t=1241752255
Од пролетва решив да се вклучам во две акции ... во една општествена и во една лична. Решив да го зголемам доприносот на зачувување на еко средината во Скопје и што повеќе да се возам со велосипед. На таков начин да заштедам и троа од скапиот увоз на нафтени деривати ... Секако и лична акција, возеји велосипед - да се стекнам со кондиција, да ја подобрам општата крвна слика, по можност да ослабам некое кило ...

Повеќе »

Возејки велосипед светот го гледаш пополека, но притоа ништо поспоро не се движиш во градот. Скопје е родено да биде велосипедски град. На ова во многу наврати инсистира холандската амбасадорка Симоне Филипини која во една прилика на Груевски му подари велосипед.

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/F6E7B9530D5E1144AB907C7907574221.jpg

http://www.vecer.com.mk/WBStorage/Articles/ABF951DF2472754796E9908B0DE5B954.jpg

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/0DE846BA5F48964AA07BC7F92D637013.jpg
2.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/92Large.jpg?t=1241753206
Но да се вратам на мојата приказна од вчера. Имено решив да се вратам од Центар до Ново Лисиче по новоизградената велосипетска патека на самиот кеј. Се симнав по скалите кај Владата на РМ. Во овој дел патеката е изградена уште во времето на регулацијата на Вардар по земјотресот. Патекате сеуште се држи но за да може да се користат ролери добро е делот на патеката да се асфалтира и да се надминат некои бариери ...
3.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/93Large.jpg?t=1241753448
4.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/94Large.jpg?t=1241753490
Горната фотка ме увери уште еднаш зошто најубавиот период од живото е средношколскиот ... конкуренција секојпат му е периодот на студирањето ...
5.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/95Large.jpg?t=1241753638
По Железниот мост почнува новата велосипедска патека ... одлично градежно изведена ...
6.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/96Large.jpg?t=1241753728
7.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/97Large.jpg?t=1241753758
8.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/98Large.jpg?t=1241753806
Гледајки дека се`се гради на десниот кеј на Вардар, се сетив дека десната страна на Вардар не така одавно беше само бавчи ... новото време го претвари десниот дел на Скоје гледајки го Вардар како оска во поурбанизиран дел на гадот ... некако почист, но секако без патина ... Соодветна содржина мора да се најде и за левата страна на кејот на Вардар.
9.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/99Large.jpg?t=1241754053
Дел од патината има и на десната страна на Вардар. Ова е една постара зграда кај Маџар Маало ... дел на Скопје кој сеуште нема канализација ... предвиден за рушење на времето, триесетина години живуркаше и тонеше во неможноста на станарите да го модернизираат животот на своите домови ... Некој ден ке се рашетам низ оваа значајна населба од Старо Скопје ...
10.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/910Large.jpg?t=1241754262
Овој дел на кејот минатите години претрпе трансформација ... тука се изградија неколку игралишта и простори за детски игри ... сега веќе на тој дел повторно му треба уредување ...
11.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/911Large.jpg?t=1241754395
По железничкиот мост почнува територијата на Општина Аеродром ... Ме изненади големината на двете згради на фотографијата горе ...
12.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/912Large.jpg?t=1241754897
Фоткава под железничкиот мост ми разбуди мемории од детскиот период ... имено тука последен пат пред земјотресот се имам капено на Вардар ... под стариот железнички мост, кој незнам зошто го демонтираа ... можеше да остане пешачки мост ... мост на сеќавање на едно време ... бетонските постаменти од стариот железнички мост сеуште стојат ...
13.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/913Large.jpg?t=1241755101
За овие дваица млади луѓе времето застанало и ништо друго не им е важно ... Веројатно е ова “нивното место“ на кое долго ке се сеќаваат во животот ...
14.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/914Large.jpg?t=1241755220
15.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/915Large.jpg?t=1241755259
Во една прилика враќајки се од малиот мост кон Ново Лисиче, сакајки да се движам пешки на горниот дел на кејот - во овој дел бев приморан да одам околу ... Луѓето се присатни до самата ивица на кејот ...
16.
http://i698.photobucket.com/albums/vv348/volan-sko/916Large.jpg?t=1241755397
Тука е крајот на асфалтот ... но за кратко време тој ке се спои со Мостот Близнак - имено дотаму е веќе припремено за асфалтирање ...

Овој проект на велосипедска патека од мостот кај Карпуш три до мостот близнак кај Ново Лисиче е вистинско освежување во урбаната историја на Скопје ...

3 comments:

Anonymous said...

Nauchete ednash KARPOSH ne KARPUSH breeej

Anonymous said...

Volanco,sega malku mi gi vrati sekavanjata za zeleznickiot most,neznam kolku go pamtis celoto toa mesto ali sigurno go pamtis t.n.jazot ili golemiot sklad na "Seca" ......nema veze,skokaa lugje vo toa vreme od mostot vo Vardar pored kolcite vo vodata(posto tuka pred zeleznickiot imase drven most),go pamtis ostrovot na sred Vardar? go pamtis pesokot na Vardar i dali gi pamtis skolkite (recni)vo pesokta,koi sega se samo fantazija(za site reki vo Makedonija) .... i uste edno nesto sto navistina se granicese so ludost(moram sega da priznam i glupost,gledajki od ovaa gledna tocka, vo retrospektiva) ........ stoevme na mostot i toa na sred mostot i go cekavme vozot koj doagjase od sever(od levata strana na vardar) stoevme do posleden moment i skokavme na strana na nosacite od mostot prilepeni do niv .... a vozot samo ke profucese pored nas na metar ili metar i polovina .... toa bese kon krajot na 60-te......eeeeee koi vremonja bea tie,nema sporedba so denesninava ..... pozdrav batka od eden egeec.

Anonymous said...

Steta sto navivame za dva razlicni "timovi" ali nema veze,zivot ide dalje .....

Blog Archive

Site Meter