Св. Илија Аеродром - Скопје ... Sv. Ilija Aerodrom - Skopje ...
1.
Храмот на Светиот Пророк Илија во населбата Аеродром сеуште се наоѓа во фаза на изградба. Неговата изградба започна во 1997 година. Црквата се гради со пари од различни извори, со донации на граѓаните на Аеродром, со пари на МПЦ, со донации на Општината Аеродром и со поголеми донации на некои скопски инвеститори. Црквата со камбанаријата градежно е завршена, иконостасот е поставен ... потребно е завршување на живописот ... завршување на започнатите помошни простории во дворот на црквата и средување на дворот на црквата ...
Името на Црквата потекнува од името на одбраната слава на некогашниот аеродром Скопје, кој некогаш токму од тука започнувал ...
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
15.
16.
17.
18.
19.
20.
- Авионски сообраќај ...
- Како најново и најсовремено превозно средство, авионите последни биле вклучени во сообраќај во Скопје. Аеродромот бил наречен “Скопје”, а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба “Аеродром”. Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 год. Авионот бил од типот “Потез-29”, а превезувал 5 патници.
- Во 1929 год. била воспоставена авионска линија Солун- Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда во време. Авионите поаѓале од Скопје во 7ч. наутро, па патниците кои од Солун доаѓале во 5,45ч. можеле да продолжат за Белград. Во Белград на патниците им бил овозможен престој од 6 часа. До аеродромот “Скопје” сообраќало посебно возило кое тргнувало од пред кафеаната “Маргер” во 6,15 наутро. Билетот за превоз од аеродромот бил бесплатен, бидејќи тој бил пресметан во авионскиот билет. Билетот се купувала во Француско-српската банка или во агенцијата на аеродромот. За релацијата Скопје-Белград билетот чинел 450 динари, а повратниот кој важел 3 дена, 800 динари. Повластен билет можеле да користат државните чиновници, резервните офицери и офицерите.
- Историја на Oпштината ... Името на Oпштината е добиено по воениот аеродром (кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев”), кој бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година. ... ...
- Камен-темелник за канбанарија ... vecer.com ... 05.09.2006 ...
No comments:
Post a Comment