Од друга страна Македонија е сива зона на интернет мапите. Има премалку содржини на Македонски јазик. Особено малку содржини има на англиски јазик. Македонскиот јазик го нема ни во Гоогле машината за преводи (иако сите околни земји се сврстени во таа машина ...).
Во денешно време никој не оди во земја или територија ако за тоа предходно не се информира на интернет. Патувањата се планираат до детали. Предходно се читаат приказните за краевите што се посетуваат, за нивната историја ... се прегледуваат видеата. Се прелистуваат туристичките понуди. Во тој поглед Македоија е хендикепирана. Посетителот на Скопје на пример кога ке посака на интернет да побара некоја улица во Скопје ке наиде на сива зона на интернет картите. Веројатно на сличен начин и инвеститорите што сакаат да инвестираат се информираат од независни интернет извори каде би вложиле.
Редно е некој во владата и во невладините организации, како и оние луѓе кои се бават со промоција на Македонија - да ја стават Македонија на интернет мапите. Јас би почнал со такво поставување на Гоогле мапите.
Во соседството релативно добро се представени Солун, Софија, Загреб и Љубљана ... Со сличен статус како Скопје се Тирана, Београд, Сарајево, Подгорица ...
Интернет мапа на Македонија каде граѓани подигаат фото и видео како и Википедија написи ... за жал сето тоа е на Македонски јазик, Англискиот скоро да го нема ...
Интернет Мапа на Скопје ... се насетува дека Скопје е во сивата зона на интернет представувањето ...
Благодарејки на граѓаните има по некоја фотка, видео и Википедија напис ...
Гоогле мапа на Скопје. На прв поглед изгледа се во ред, се гледаат зградите и улиците ...
Колку е големо интернет слепилото за Скопје ке видите од оваа Гогле Мапа ... Скоје и неговиот центар се сива зона ...
No comments:
Post a Comment