Search This Blog

Wednesday, May 20, 2009

Употреба на кирилицата во интернет ... „Браќа Миладиновци“ 21 Мај ( четврток) 10.00 часот ...

[20080328-blog-knigi-promoci.jpg]

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ знае често да изненади со својот допринос за подигање на што повеќе содржини на Македонски јазик на интернет ... за жал делот на сајтот Македонски виртуелна библиотека на „Браќа Миладиновци“ моментално е недостапен. Библиотеката промовира и други содржини поврзани со интернет. За одбележување е дека во библиотеката „Браќа Миладиновци“ беа промовирани книгите на 14 блогери. На овој линк PDF книги можете да пронајдете што досега дигитализираше библиотеката „Браќа Миладиновци“

Повеќе »

Овојпат библиотеката организира трибина посветена на Употреба на кирилицата во интернет. На својот блог Виолетова веќе го најави настанот, каде како учесници се споменуваат:

  • Министерство за информатичко општество - Иво Ивановски, министер,
  • ГБ „Браќа Миладиновци“ - Филип Петровски, директор,
  • Претставници од Бугарија од областа на информациските технологии
  • Претставници од македонската блогосфера - добредојдени сте сите да кажете нешто за своите искуства

Иако се мислев дали да присаствувам бидејки не ја знаев до крај идејата, денеска одкако добив и лична покана за трибината - ја прифатив поканата, назначувајки дека имам неколку теми кои сакам да ги актуелизирам, теми за кои многупати сум пишувал на својот блог а тука во овој пост повторно ке ги споделам со сите вас:

Се надевам дека блогерите нема да бидат само декор, бидејки ако го немаат правото на говор тогаш блогерското присаство е нецелисходно. Интерсни текстови пишани во врска со темата се и овие линкови:

No comments:

Blog Archive

Site Meter