Што се случи во меѓувреме сега е крај на 2009-та, трета година од зародишот на Сведмилк. Сведмилк во меѓувреме заигра на картата на лидерско производство на млеко и млечни производи во регионот. Наголемо почна да прибира кредити сега од домашните банки (неколку), ја качи цената на откупното млеко а имаше најниска продажна цена во малопродажбата со одличен квалитет. Тргна еуфорично, луѓето инвестираа во оформување на штали и купуваа крави на кредит. Млекото имаше сигурен пласман по добра цена во Сведмилк. Битолската млекара, помалите млекари во Тетово и Куманово имаа проблем да откупат млеко - бидејки сите фармерите соработуваа со Сведмилк. Сведмилк доби лиценца да може да испорачува млеко и на европскиот пазар - во косово веќе одеше голема количина на млеко. Плитичарите и сите ние бевме уверени дека во Свидмилк тече “мед и млеко“ ...
Проблемите настанаа во оној момент кога Сведмилк почна да ги плаќа ануитетите оние кои доспеваа. Бидејки беше сеуште старт на производството во недостаток на сега обртен капитал Свидмилк почна да се задолжува за да ги плаќа доспеаните ануитети (тука е почетокот на економската пирамида наречена Сведмилк). Нормално почна да не се исплатува навреме откупеното млеко. Млекарите кои зависеа од парите од млекото бидејки тие треба да ги платат своите ануитети и купената храна, потрошената струја запретија со прекин на испораката на млеко и веднаш побараа помош од државата да открие што е дубарата во Сведмилк. (август 2008).
Наместо државата веднаш да ги прати инспекциите во Сведмилк (финасиската полиција и пазарниот инспекторат) и јавно да ја открие дубарата државата се ангажира да најде нов сопственик. Спасот се најде во Моше Баум на кого му е продадена млекарата за едно евро кој се обрза да ги исплати млекарите чие побарување во тој момент беше околу милион евра. Првпат кога го видов Моше Баум тој ме подсети на оној глумецот кој дојде во Радовиш и глумеше некаков газда ветувајки чуда. Баум ја одигра својата улога, ја матеше водата скоро година дена за да на крај мирно си излезе од Македонија оставајки ги млекарите сега со побарувања трипати поголеми од моментот кога влезе.
Државата во целиот период откога настанаа проблемите во Сведмилк переше раце дека е тоа приватна инвестиција и несмее да се меша на пазарот. Млекарите и фармерите кои протестираа за своите пари ги обвини дека се политички инструирани а на водачите на протестот им се вршеше невиден полициски притисок и тортура од државните службеници. Протестите особено и сметаа на владеачката партија која органицираше локални и претседателски избори.
Во април 2009-та конечно влегоа инспекциите во Сведмилк одткога Сведмилк влезе во стечај. На инспекциските органи им требаше 5 месеци да констатираат кој е кривецот. Деновите тие искочија со кривични пријави за кривците на пропаста на Сведмилк:
- Кривични пријави за тројцата бивши газди на „Сведмилк“ ... Оскарсон, Ал Кафаџи и Саржоски се осомничени за несовесно работење, даночно затајување и фалсификување - Утрински 17 октомври 2009
- колку време на надлежните државни органи им треба да утврдат големи финансиски измами (измамени се неколку иљади приватни фармерски производители);
- каде е најновиот последниот сопственик на Сведмилк Моше Баум - кој трипати го зголеми долгот према фармерите (шпекулирам) ...
- која е одговорноста за тромавата надлежна администрација која неможе навреме да препознае и да спречи стварање на вакви пирамиди каде се измамуваат неколку иљади чесни граѓани кои помамени од убавите приказни кои ги гледаа по медиумите каде највисоките политички кругови се сликаа во ваквите прекрасни инвестиции ...
- Иако има огромна разлика во случајот на ТАТ и Сведмилк (поради обемот и големината на измамата) ... мора да се констатира дека и во двата случаја има кривица на актуелната власт. И во ТАТ и во Свидмилк власта се сликаше со нив додека не беа прогласени за афери. ТАТ не е разрешен (октподот остана тајна за прогонот - се остана за прикаска на некои луѓе во тренерки...), цехот го плативме сите. Свидмилк е во фаза на откривање на виновниците но сето оди со брзина на полжав. Неоткривањето и неказнување на виновниците во Сведмилк власта ке ја кошта пораз на следните избори. Дубарата во Сведмилк е околу 20 милиони евра (разликата на проценетата вредност на Сведмил и вкупниот долг). Измамени се скоро 2500 млекопроизводители, кои банкротираа со што во државата се створи нов слој од 10.000 социјални случаи. Најголемата штета е во тоа што секој нов обид за помак во земјоделието (спроведување на државна стратегија во земјоделието) ке наиде на сумња кај идните фармери или земјоделски производители ...
- Млекарите ограбени во Сведмил препуштени сами на себе ... специјална медиумска војна кон вистината - игнорирање ... април 30, 2009
- Во Свидмилк најново е што Тутунска банка ја активира хипотеката ...април 15, 2009
- Во Сведмилк конечно влезе инспекцијата ... на Скопје не му е судено да има млекарница ... април 02, 2009
- Моше Баум на распит во полиција ... вратен од граничен премин ... кој го доведе Моше Баум ?? ... 26 Март, 2009
- Сведмилк повторно ескалира ... опасно манипулирање со потта на фармерите ... 13 Март, 2009
- Свидмик, повторно ја бранува јавноста ... Можни ли се нови блокади ... кој е вистинскиот купувач на Сведмилк ... 11 Февруари, 2009
- Сведмилк се продаде ... вкупниот долг на свидмилк 37 милиони евра ... февруари 06, 2009
- “Уличната демократија“ - прекината со “пендрак демократија“ ... пендракот, т.е. стапот имаат два краја ...јануари 29, 2009
- „Сведмилк“ - се` поголем проблем ... јануари 27, 2009
- „Сведмилк“ - зошто пропаѓа ... ке интервенира ли државата ... каде се парите ... јануари 24, 2009
- „Сведмилк“ пред колапс, на фармерите им должи повеќе од еден милион евра
- Млечна криза ...
- Банкрот на „Сведмилк“
- „Сведмилк“ ... проблеми ..
- Фармерите втор ден ја блокираат млекарата Сведмилк
- “Сведмилк“ во банкрот
- Борба за превласт во „Сведмилк“. На фармерите им должат милион евра
- Нов инвеститор во Сведмилк?
- Рамковски не влегувал во „Сведмилк“, млекарницата пред затворање
- Исплата или протести, најавија кооперантите на Свидмилк
No comments:
Post a Comment