Search This Blog

Thursday, April 30, 2009

Млекарите ограбени во Сведмил препуштени сами на себе ... специјална медиумска војна кон вистината - игнорирање ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/AC7A3278F12F914DBFD42EBD64F16996.jpg http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/6F6DE76992AD964C85D1EC575B5926C3.jpg http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/FCEC6E1622E581429049DF1BC3886342.jpg

Млекопроизводителите ограбени во Сведмилк приказната се препуштени сами на себе ... осем ограбени сега се и „тепани“ ... маргинализирани ... против нив се води специјална војна на заплашување и медиумско игнорирање ...

Повеќе »

Млекопроизводителите на вчерашните најавени протести во Битола (каде побараа да се расчистат матните работи во Свидмилк и да им се плати сработеното ...), повторно беа „третирани“ од полицијата со методи на заплашување - овојпат не беа тепани ... туркани, попречувани и заплашувани да ... Осем со специјален третман на полицијата, која неколку дена пред ова шеташе по домовите на битолските фармери обидувајки се да ги одврати од протестот - сега имаме специјална војна која се води на медиумите контролирани од државата ... протестот на млекопроизводителите се минимализира и игнорира ... Во Битола не ги прими Градоначалникот, ниту локалниот претставник на Министерството за земјоделие ...

Во повеќето медиуми кои од утрово ги отворив нема ништо за вчерашниот протест во Битола ... За Макфакс, МИА, NetPress, Вечер, Дневник, вчерашните протести во Битола не беа ВЕСТ која треба да се одбележи - за нив настанот не се случил вчера, тој е маргинарилизиран. Ова е веќе специјална војна кон вистината која ни се случува сега и денес.

Сведмилк приказната ја пратам уште додека таа за оваа Влада беше ДОБРА ПРИКАЗНА - на база на која темелеше развој на еден важен сектор во аграрот, млекопроизводството ... на база на која добија симпатии кај земјоделците, особено кај сточарите, кои во огромен број гласаа за оваа и за ваква Влада.

Млекото како сировина е важна за цела една гранка во аграрот ... важна е за секторот на преработката на млеко и млечни производи. Млекото и млечните производи се важен можеби најважен елемент во човековата исхрана. И самиот сметав дека Владата со правењето клима околу производелите на млеко прави добар потек за реанимирање на МК земјоделије - полека претворајки го сето ова во мала но значајна гранка во нашето заостанато земјоделие.

Цел еден синџир на производители (неколку иљади ...) се втурнаа во оваа УСПЕШНА ПРИКАЗНА која ја промовираше владата ... зедоа кредити купија механизација и специјални вискомлечни крави ... изградија објекти ... закупија или купија земјиште каде произведуваа добиточна храна ...

Сведмилк стартуваше фуриозно - со одличен квалитет. На рафтовите во маркетите почна да доминираат производите на Сведмилк. Сведмилк доби бројче за извоз во ЕУ. Сведмилк направи ексклузивен договор со Косово ... И токму кога сево ова требаше да продолжи во одлична многугодишна приказна, „кулата од карти наречена Сведмилк“ почна да паѓа. Веќе девет месеци сточарите даваат млеко за откуп но никој не им го плаќа. Тие направија неколку протести.

Владата која во тоа време беше со изборна реторика почна да ги одбегнува сточарите, изјаснувајки се дека е тоа нивна привата работа ... ги измија рацете од приказната која ја раскажуваа околу Сведмилк ... рекоа дека единствено може да ПОСРЕДУВААТ ... Го пронајдоа Моше Баум кој требаше да биде спас за млекарата. Тој ја купи млекарата за едно евро и газдува веќе неколку месеци ... нови пари во млекарата не внесе ... старите долгови кон млекопроизводителите се зголемија ... Пред месец дена во Млекарата конечно влегоа сите надлежни инспекции ... Што пронајдоа таму уште не ни се соопштува ... На крај банкарите ги активираа хипотеките ... Сведмилк од ДОБРА И УСПЕШНА ПРИКАЗНА се претвори во приказна за која владата не сака да слуша ...

  1. Во Свидмилк најново е што Тутунска банка ја активира хипотеката ... 15 Април, 2009
  2. Во Сведмилк конечно влезе инспекцијата ... на Скопје не му е судено да има млекарница ... 2 Април, 2009
  3. Моше Баум на распит во полиција ... вратен од граничен премин ... кој го доведе Моше Баум ?? ... 26 Март, 2009
  4. Сведмилк повторно ескалира ... опасно манипулирање со потта на фармерите ... 13 Март, 2009
  5. Свидмик, повторно ја бранува јавноста ... Можни ли се нови блокади ... кој е вистинскиот купувач на Сведмилк ... 11 Февруари, 2009
  6. Сведмилк се продаде ... вкупниот долг на свидмилк 37 милиони евра ...
  7. „Сведмилк“ - се` поголем проблем ...
  8. „Сведмилк“ - зошто пропаѓа ... ке интервенира ли државата ... каде се парите ...
  9. „Сведмилк“ пред колапс, на фармерите им должи повеќе од еден милион евра
  10. Млечна криза ...
  11. Банкрот на „Сведмилк“
  12. „Сведмилк“ ... проблеми ..
  13. Фармерите втор ден ја блокираат млекарата Сведмилк
  14. “Сведмилк“ во банкрот
  15. Борба за превласт во „Сведмилк“. На фармерите им должат милион евра
  16. Нов инвеститор во Сведмилк?
  17. Рамковски не влегувал во „Сведмилк“, млекарницата пред затворање
  18. Исплата или протести, најавија кооперантите на Свидмилк
  19. 200 фармери ја зазедоа "Свидмилк"
  20. Млекопроизводители заробија цистерна на "Свидмилк"
  21. Извоз на млеко на Косово
  22. „Свидмилк“ ќе ги едуцира фармерите да работат европски

No comments:

Blog Archive

Site Meter