Св. Јован Крстител Капиштец Скопје ... Sv. Jovan Krstitel Kapištec Skopje ... Богословски факултет ... фото и видео сторија ...
1.
Манастирот Св. Јован Крстител во скопската населба Капиштец се наоѓа на прекрасна локација ... Покрај патот на една висинка, но малку стеснет со простор, окружен со многу зеленило се наоѓа Манастирот посветен на Св. Јован Крстител ... сместен под една карпа на самите обронци од Водно ... Во околината блика чиста изворска вода во огромни количества ... има десетина чесми секоја пригодно посветена на посебен светец ... Во кругот на Манастирот е и Православиот Богословски Факултет “Св. Климент Охридски“ - Скопје ...
Црквата е обновена пред некоја година ... колку разбрав постарото здание е од 1923 година кое веројатно е поставно на некои/нечии постари темели ... Моментално во позадина на Црквата се гради трпезарија ... Местото е прекрасно за посетување - свеж скопски воздух има на многу малку места но тука го има на претек ... Видни се и многу нови садници ...
Над Црквата е познатата скопска населба Долно Водно ... некојпат живеалиште на “Големците“ - сега го освојуваат бизнисмените, како и неколку резиденцијални амбасадорски објекти ...
На овој линк ке ја најдете локацијата на Манастирот на maps.google.com ...
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
15.
16.
17.
18.
19.
20.
21.
22.
23.
24.
25.
26.
27.
28.
29.
30.
31.
No comments:
Post a Comment