Бандитизмот во и околу Скоје кои се бават со “бизнисот“ на пљчкање на секој објект каде има доволно готовина се повеќе се засилува ... бандитите минатата година имаа преку десетина пљачки на банки и пошти ... транспорти на готови пари и вредносни пратки ... Минатата година имавме и неколку жртви во овие бандитски дејствија ...
Денеска низата на дрските кражби на банките, поштите низ Скопје продолжи во најстрогиот центар на Скопје - среде бел ден пет до десет разбојници облечени во полициски униформи маскирани со калашникови во рацете - се втурнале во прокредит банка и за кратко време успеале да одземат кеш околу педесетина иљади евра ...
Во буицата на народ кој во тој момент се нашол во и околу Кредит банка повредени се десетина луѓе некои огнострелно некои со удар од кундак ... Ранети се и дваица полицајци кои во тој момент случано поминувале пред Прокредит банка ...
Колку ми е мене познато полицијата нема разрешено ниедно од овие дрски кражби ...
1 comment:
Во големите грабежи полицијата секогаш доцниУтрински-Број 2966 вторник, 21 април 2009
** Двајца убиени и дваесетина ранети при стотина грабежи на банки, пошти, поштенски возила, менувачници, обложувалници и клубови за игри на среќа е црниот биланс на разбојништва во изминатите педесетина месеци.
** Четворица разбојници кои во 2006 година украдоа 160.000 евра од поштенско возило во близина на тетовското село Шемшово, а кои беа уапсени неколку часа по грабежот, се осудени на затворски казни во траење до десет години.
** Најкрвавиот грабеж во поново време во земјава се случи во ноември 2007 година кога во близина на скопскиот саем беше нападнато возило на Комерцијална банка кое превезувало пари. Група вооружени и маскирани лица, возејќи паралелно, се доближиле до возилото на Комерцијална и без предупредување пукале во него. Притоа го раниле возачот и двајца од обезбедувањето. Повредените сами се превезле до Градската болница каде што починал еден од обезбедувачите. Од „хондата“ на Комерцијална банка разбојниците одзеле 11,4 милиони денари, 18.000 евра и 1.500 американски долари. Напаѓачите не се знаат ниту денеска.
** Трагичен биланс имаше и грабежот во менувачницата БИБ во Старата скопска чаршија. Двајцата вработени во менувачницата се спротивставија на тројцата ограбувачи и убија еден од нив. Вработениот се наведнал зад шалтерот божем да им ги земе парите од дневниот промет, но извадил пиштол, со кој пукал кон разбојниците. Усмртил еден од нив, но тие возвратиле и ги ранија двајцата вработени во менувачницата.
** Етикетата „грабеж на столетието“ му припадна на грабежот на 600.000 евра пензиски пари што беа украдени во октомври 2006 година од комбе на „Македонски пошти“. Четворица напаѓачи облечени во црни комбинезони и со фантомки на главите, со автомобил „форд гранада“ го пресекоа патот на комбето на споредна улица на само стотина метри од поштата во Чаир. По грабежот, побегнаа во непознат правец. Никој не знае каде се. Тогаш сите се чудеа како напаѓачите знаеле по која маршрута ќе се движи поштенското комбе, имајќи предвид дека тоа било тајна и за раководителите на поштите.
** Речиси идентична сума пари за пензии беа украдени од комбе на „Македонски пошти“ и во март минатата година на улицата „Цветан Димов“ во Чаир. Тогаш беа ранети четворица вработени во „Македонска пошта“, кои ги пренесуваа парите во автомобил на „Пошта“, кој немаше никаква службена ознака. Напаѓачите биле во два автомобила. Уште се во бегство.
** Нема трага ни од маскираните разбојници кои во август 2007 година во центарот на Скопје ограбија околу 10 милиони денари од џип на Комерцијална банка. Веднаш по разбојништвото, МВР призна дека станува збор за добро организирана група, која до детали го осмислила целиот грабеж и однапред презела низа дејства за да го олесни комбето полно со пари. Како основа за ваквите сомневања се зема тоа што разбојничкиот напад бил извршен пет минути по 7 часот, кога и возилото со пари на Комерцијална банка, од подрумските гаражи на фирмата, тргнува да ги разнесе денарите во своите експозитури. Напаѓачите прво со автомобил удриле во џипот на банката, а веќе во следниот миг со пиштоли во рацете ги натерале тројцата вработени во банката да им ги дадат вреќите во кои имало 8,4 милиони денари, 15.000 евра и илјада долари. Веднаш потоа го оставиле своето БМВ со црна боја, со кое удриле во „џипот“, и со друг автомобил избегале, без притоа да има ниту еден очевидец на настанот.
** Неколку месеци претходно, вооружени лица со автоматски пушки во Чаир ограбија возило на Тутунска банка и одзедоа 13 вреќи, во кои имало околу 15.000 евра.
** Околу 3,5 милиони денари беа ограбени од експозитура на Инвест банка во Гостивар. Четириесетина илјади евра беа украдени минатиот август од експозитурата на Комерцијална банка во скопската населба Јане Сандански. Само еден ден претходно, тројца разбојници, исто така, сред бел ден, украдоа 2,6 милиони денари од експозитурата на Комерцијална банка во Ѓорче Петров. Минатиот мај беа ограбени речиси 100.000 евра од возило на „Македонска пошта“ на автопатот Куманово - Скопје, а сомневањата на полицијата беа дека станува збор за фингиран грабеж. Во декември минатата година, три маскирани лица со оружје ограбија златарница во населбата Шуто Оризари во Скопје, одземајќи накит вреден над пет милиони денари.
Post a Comment