Сигурно се сеќавате на филмот “Непристоен предлог“ (мислам дека така се викаше ...), каде жената која до тогаш го сака својот маж се подаде за милион долари на богатиот велепоседник ... Во наши услови неколку пати се случува пратеници да поминуваат од една Партија од каде го црпеа изборниот легитимитет - заради лукративни цели да поминат во друга партија ...
Веројатно не сте заборавиле како се распадна пратеничката група на Демократска Алтернатива ... ДА, иако на изборите имаше десет пратеници - на крај заврши со ниеден пратеник ... сите заради лукративни цели поминаа во редовите на ВМРО-ДПМНЕ ... некои поминаа отворено во ВмроДпмне а некои се прогласуваа божем независни ... Ова е почетокот на постизборно прекројување на изборната политичка воља на граѓаните ... “политичко курвање“ пар екселанс ...
Од случајот со ДА навака имаме бројни такви случувања - таканаречени политички пребегувања ... сето ова оди како директна штета на изразената изборна воља на граѓаните ... Во предходниот парламентарен состав тоа и се случи на НСДП ... Во овој состав тоа и се случува на ДПА ...
Последен очит „пребег“ се случи во советот на Општина Центар, каде опозиционите партии имаа тесно советничко мнозинство од еден пратеник ... таму некој од советниците скапо го наплати својот веројатен политички пребег - со што директно ја прекрои изборната воља на граѓаните на последните избори.
Советот на Општина Центар има многу важна улога за централната власт поради нејзините „апетити“ за спроведување на проекти во централното подрачје на Скопје ... спомениците, црквата, хотели, музеи и други јавни и приватни објекти ... Советот ги носи одлуките за измена на ДУП, мерка преку која легално се спроведоа владини проекти ...
Сето ова “политичко курвање“ на пратениците и советниците има последица во излезноста на секои нови избори. Народот со право се прашува зошто да гласаме кога тие и така заради лукративни интереси по одредено време и за одредена цена ке се продадат ...
No comments:
Post a Comment