Search This Blog

Thursday, April 16, 2009

Велики Четврток ...

До вчера нашите жени направија големи чистења/суредувања по своите домови ... денеска утрината на изгрејсонце се вапцани јајцата за овој велигден ... црвени, шарени велигденски - особено внимание се посветува на вапцањето на првото јајце (првакот ...)... радоста, прославата дека се наближува денот на Христовото воскрсение се наближува ... Велигден е празник кој носи највеќе радост кај православните верници ... на овој празник децата особено му се радуваат ...

Повеќе »

Што е се поврзано со Велики Четврток. ... Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток (грч: Μεγάλη Πέμπτη), Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана.

  • Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани:
    - миењето на нозете,
    http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti08/Veliki.Cetvrtok4.jpg
    Бог, Кој некогаш го вознемири рајот додека одеше низ него во приквечерината, Вечерта на Велики Четврток доаѓа да им ги измие нозете на учениците.
    - Тајната вечера,
    http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti08/Veliki.Cetvrtok1.jpg
    Вечерата е двојна: една е Пасхата на законот;
    Втора е Новата пасха - Телото и Крвта на Господа.

    - свештената молитва
    http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti08/Veliki.Cetvrtok5.jpg
    Молитва и страв, пот од крв на лицето Христово, смрт,
    А со тоа го прелажува ѓаволот.

    - и предавството Јудино
    http://preminportal.com.mk/images/stories/vesti08/Veliki.Cetvrtok6.jpg
    Зошто доаѓате со ножеви и стапови да Го барате,
    Оној што сака да умре за избавување на светот?
    -
    Бидејќи еврејската пасха требаше да биде жртвувана во петокот, беше погодно вистината да биде во согласност со сликата, односно во истиот ден да биде жртвуван и Христос, нашата Пасха.
    - Поради предвидување, како што велат божествените отци, Господ наш ИсусХристос ја извршува во четврток навечер, бидејќи таа вечер и целиот ден од петокот Евреите го сметаат за еден ден и го именуваат ноќеденство - никтимерон (од едно заоѓање на сонцето до другото заоѓање). Тоа е причината поради која Он, со Своите ученици, ја изврши тогаш Пасхата според Законот, како што велат некои, меѓу кои и божествениот Златоуст. Прво, стоејќи простум и препашани, обуени во сандали, со стап в рака, запазувајќи ги и сите други прописи на законот, за да не се остави впечаток дека го прекршуваат. Оваа Пасха ја подготви Зеведеј, зашто стомната со вода ја носеше тој, како што вели Великиот Атанасиј, иако некои други за ова зборуваат поинаку. Потоа, откривајќи им на своите ученици едно посовршено славење, Господ ја востановува тајната на нашата Пасха, во горната одаја, кога ноќта веќе беше настапила, зашто е речено: „Кога настапи вечерта, Он седна на трпезата со дванаесетте." Видете, Ова не беше Пасхата на Законот, бидејќи се седнува на трпеза приготвена од леб и вино, додека порано била со печено месо и со бесквасен леб.
    - Пред почетокот на вечерата (вака зборува божествениот Златоуст), Он станува од трпезата, ја остава Својата горна облека и става вода во леген, Самиот правејќи се, за да го посрами Јуда, но и за да ги потсети другите апостоли да не бараат старешинство, како што тоа го покажува по миењето на нозете, велејќи: „Кој сака да биде прв, нека биде последен", давајќи се Себеси за пример. Се чини дека Христос најнапред му ги измил нозете на Јуда, кој без срам беше го зазел првото место. На крајот доаѓа до Петар. Но овој, бидејќи најревносен од сите, Му забранува, но на крајот пак Му дозволува да му ги измие нозете. Откако им ги изми нозете и покажа колку високо можеме да се издигнеме преку смирението, ги зеде повторно Својата облека и Своето место на трпезата, ги поучи да се сакаат еден друг, но да не бараат старешинство.
    - И додека јадеа им го навести предавството. Бидејќи тие се вознемирија поради тоа, Исус му рече само на Јована, тајно: „На оној што ќе му дадам едно парче леб, откако ќе го натопам, тој е оној што ќе ме предаде." Ако Петар знаеше на кого се однесуваат овие зборови, тој ќе го убиеше Јуда, бидејќи беше најревносен од сите. Или пак: „Оној што ќе ја стави раката своја во чинијата...", бидејќи се среќава и едното и другото.
    - По малку време, зеде леб и рече: „Земете, јадете", а слично и со чашата: „Пијте од неа сите, ова е крвта Моја на Новиот завет...ова правете го во мој спомен." Ова правејќи го, и Он јадеше и пиеше со нив. Забележете добро, дека лебот (квасен) го именува Свое тело, а не бесквасниот леб (азим). Нека се засрамат оние што принесуват бесквасни лебови за бескрвната жртва.
    - По лебот, сатаната влезе во Јуда; ако порано само го искушуваше, сега конечно се всели во него. Кога излезе, тој се договори со првосвештениците да им го предаде за триесет сребреника. По вечерата, учениците отидоа на Маслиновата Гора, во една градина, наречена Гетсиманија. По некое време, Исус им рече: „Оваа ноќ сите вие ќе се соблазните поради Мене." Петар му рече: „Макар и сите да се одречат од Тебе, јас нема да го сторам тоа." А беше доцна, односно длабока ноќ. Исус повторно му рече: „Пред да запее петелот двапати, ти ќе се откажеш од Мене трипати." Така и се случи. Од ова Петар го обзеде голем страв. На овој начин Бог му ја покажа слабоста на неговата природа, но истовремено, бидејќи сакаше да му ја довери сета вселена, Он сака да му даде на знаење дека целиот свет има иста природа, и дека тој (Петар) треба да се покаже милостив кон грешниците.
  • Главно за овој значаен ден од Страдалната седмица е дека Господ тогаш ги востанови двете суштествени тајни за нашето спасение: Светата евхаристија (на Тајната вечера: „Земете, јадете, ова е телото Мое кое за вас се прекршува за отпуштање на гревовите! Пијте од неа сите. Ова е крвта Моја која за вас и за мнозина се излева за отпуштање на гревовите! Правете го ова во Мој спомен“.) и Исусовата молитва („...Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви се даде“ (Јован 16, 23). „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам за да се прослави Отецот во Синот. Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам...“, Јован 14, 13 - 14). Со други зборови, на Велики Четврток почнува светотаинскиот живот на Црквата. Денот започна со Христовите последни поуки за карактерот на љубовта што треба да ја стекнеме ако сме Негови, Неговото смирение; се памти миењето на нозете на апостолите што го направи Сам: „Ако Јас, Господ и Учител ви ги измив нозете, тогаш сте должни и вие еден на друг да си ги миете нозете“ (Јован 13; 14). А заврши со предавството на Богочовекот Исус Христос на првосвештениците и фарисеите, извршено од Јуда Искариот, еден од бројот на Дванаесеттемина најблиски Христови ученици.
  • Што вели Преданието за содржината на Велики Четврток ...

    - Целоноќната служба на Велики четврток ѝ е посветена на Тајната Вечера, на којашто Спасителот ја востанови Тајната на Светата Евхаристија, оставајќи заповед Пасхата на Новиот Завет да се вкусува во Негов спомен, на Неговото Тело и Неговата Крв пролеана за отпуштање на гревовите. Во богослужењето на овој ден се говори и за предавството на Јуда.

    http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/tajnavechera_2104.jpg

    - Беззакониот Јуда, којшто на Тајната вечера ја стави раката во чинијата заедно со Тебе, кон беззакониците ги пружи рацете за да ги прими сребрениците: тој ја пресмета и цената на мирото и не се исплаши да Те продаде Тебе, Кој немаш цена; тој ги пружи и нозете за да му ги измиеш, Му даде лажен целив на Господа, за да им Го предаде на беззакониците: откако се одрече од соборот на апостолите, иако ги фрли триесетте сребреници, не се удостои да го види Твоето тридневно Воскресение. Господи, Кој воскресна, помилуј нѐ.“ (стихира од Вечерната на Велики Четврток)

    - За Велигден постои обичај да се обојуваат варени јајца во различни бои, но централното место им припаѓа на јајцата обоени црвено. Историјата ни го сочува тоа предание. После Воскресението на Исус Христос Неговите ученици и следбеници заминаа во различни земји, насекаде возвестувајќи ја радосната вест за тоа дека повеќе не треба да се плашиме од смртта. Неа ја победи Христос, Спасителот на светот. Тој воскресна и ќе го воскресне секого што ќе поверува во Него и што ќе ги сака луѓето со љубовта со којашто Тој ги љубеше.

    - Марија Магдалена се осмели со таа вест да отиде кај самиот римски император Тивериј. Бидејќи постоел обичај кај императорот да не се оди без подароци, Марија Магдалена понела со себе едно обично, бело јајце од кокошка. Го избрала јајцето како подарок со одредена смисла. Јајцето секогаш било симбол на животот: под кревката лушпа се наоѓа, скриен од нашите очи, животот којшто во одреден час ќе се ослободи во вид на малечко пиле. Но, кога Марија почнала да му зборува на Тивериј за тоа дека Исус Христос исто така се ослободи од оковите на смртта и воскресна, императорот се насмеал велејќи: „Тоа е исто така невозможно како и твоето бело јајце да се претвори во црвено.“ И уште не ја завршил реченицата, а јајцето во рацете на Марија Магдалена станало црвено. Оттогаш за спомен на овој настан, кој ја изразува нашата вера во Воскреснатиот Господ, ние ги обојуваме јајцата.

    • Вапцање јајца на Велики четврток ... ... Денеска на Велики четврток пред изгрејсонце домаќинките ги извапцаа првите три велигденски јајца, како што е редот, со црвена боја - симбол на светата пролеана крв на Исус Христос. ... ... Ќе ги чуваат дома цела година. Според верувањето, тие не се расипуваат. Траат долго. Го штитат домот и семејството од болести и од зло. ... ... Порано за Велигден се вапцале само црвени јајца. Црвената боја е симбол на радоста и на животот. Обичај е на овој празник да им се даруваат јајца на сите што ќе го посетат домот.
  1. Христос воскресе, навистина воскресе ... 24 Април, 2006
  2. Велигден ... Христос воскресе ... 27 Април, 2008
  3. Велики петок ... 25 Април, 2008
  4. Велика Сабота ... 26 Април, 2008
  5. Скопје Велигден 2008 година ... фото сторија ... 27 Април, 2008
  6. св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане ... sv. Đorđi Staro Nagoričane ... св. Ђорђе Старо Нагоричино ... sv. Djorde Staro Nagoricino ... 5 Октомври, 2008 ...

    http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/19Large-4.jpg?t=1223233808

    http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/31Large-1.jpg?t=1223234883

    http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/39Large-1.jpg?t=1223238177

    http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/40Large-1.jpg?t=1223238314

No comments:

Blog Archive

Site Meter