Св. Архангел Михаил Скопје - Храм Славе ... Sv. Arhangel Mihail Skopje - Hram Slave ... фото и видео сторија ...
1.
Толку пати поминувам покрај Црквата Св. Архангел Михаил Скопје, која нели се наоѓа во Автокоманда во дворот на студентската населба Стив Наумов, опкружена од комплекс на факултети на Шумарскиот и Природно математичкиот факултет ... на подножјето на Гази Баба - едно од ретките места каде среде Скопје има голема парк шума ...
Местото одсекојпат мами со својата среденост на околните зелени површини и совршено средените англиски воени гробишта (123 гроба)...
Неколку основни податоци за црквата добив од љубезниот домаќин на црквата: Црквата е почната да се гради како задужбина на кралот Александар Караѓорѓевиќ во 1928 година со идеја во нејзиното подножје - да се соберат коските од погинатите војници од првата светска војна ... црквата е завршена во 1932 година а иконописана и осветена во 1933 година ... Старите скопјани ја паметат оваа црква со називот “Храм Славе“ - поради војниците чии коски се сместени во споменкостурницата која се наоѓа во криптата на оваа црква ... љубезниот домаќин ми појасни дека се работи за 923 војника ... нивните посмртни останки највеќето се собрани од блиското брдо Гази Баба, каде по жестока битка во првата световна војна се сохранети ... Долго време и дворот на црквата бил со споменици на овие војници ... сега се останати само уште три споменика ...
2.
3.
4.
5.
6.
7.
8.
9.
10.
11.
12.
13.
14.
15.
16.
17.
18.
19.
20.
21.
22.
23.
24.
25.
26.
27.
28.
29.
30.
31.
32.
33.
34.
35.
36.
37.
38.
39.
40.
41.
42.
43.
44.
45.
46.
47.
48.
49.
- Во Скопје, меѓу двете војни била изградена и црква-храм, “Свети Архистратип Михаил- Храм Славе”, на војничките гробишта на Гази Баба, која била осветена во 1928 година. Оваа црква-храм била костурница на загинатите војници во Првата светска војна и во овој храм на секој празник и во недела се вршела литургија. За редот и хигиената во храмот воделе грижа служители и воен протојереј
- Спомен црква Св.Арханђела Михаила са костурницом ("Храм славе") у скопском насељу Аутокоманда
Спомен црква са костурницом подигнута је 1928. године, као задужбина Краља Александара Карађорђевића. Одлуком Градског завода за заштиту Скопља црква је заштићена 1987. године. Унутрашњост храма је украшена копијама фресака српских средњовековних манастира – Грачаница, Жича, Студеница, Сопочани, Старо Негоричане, Милешева, Дечани...
Костурница се налази испод целе површине цркве. У њој су били посмртни остаци 3.200 ратника погинулих на оближњем брду Гази баба, затим на Топани, а ту су прикупљене кости и ратника сахрањених на градском гробљу у Скопљу. Посмртни остаци српских ратника смештени су у дрвеним одељцима са њиховим именима.
У костурници се налазе две мермерне плоче. На белој мермерној плочи урезан је текст следеће садржине: "неумрлим борцима палим за славу и величину отаџбине првим регрутима Јужне Србије Вардарског, Брегалничког, Косовског и Ибарског пука 1914. – 1918. Њихови ратни другови".
На другој, делимично оштећеној мермерној плочи је записано: "У име Оца и Сина и Светога духа овај у славу Светог Арханђела Михаила сазидан војничком гробљу у Скопљу за време владавине ...агочестивог Краља Срба, Хрвата и Словенаца...сандра I Карађорђевића и заузимањем команданта III Армијске области Миливоја Зечевића, армијског ђенерала, освети на дан 8/21.XI 1928. г. православни скопљански Митрополит Варнава - Амин". - Поред монументалног Споменика победи Српске војске у Кумановској бици, који је 1937. године по пројекту архитекте Момира Коруновића, изграђен на брду Зебрњак код Куманова, посебно значајан српски војни меморијал у Републици Македонији представља Спомен-храм светог архангела Михаила у Скопљу.
- Ова репрезентативна православна једнокуполна богомоља са јасно профилисаним звоником изнад нартекса подигнута је у близини скопске Аутокоманде у раздобљу по окончању Првог светског рата.
- Грађевина у својој основи има уписан грчки крст изнад чијег средишта се издиже монолитна висока купола.Јасно дефинисани нартекс, наос са две наглашене певнице и импозантна полукружна апсида чине основне контуре овог здања наглашене монументалности и висине. Ова репрезентативна богомоља добила је временом и специфичан назив - Храм славе.
- У подземној крипти, која се налази непосредно испод самог олтарског прстора, похрањени су посмртни остаци великог броја припадника Српске војске страдалих у борбама током Првог светског рата. У питању су били војници Вардарског, Брегалничког, Косовског, Битољског и Ибарског пука.
- Камен темељац Храма славе свечано је постављен 19. јуна 1930. године. Аутор богомоље био је архитекта Константин Хоменко. Градња цркве која садржи поједине карактеристике рашке стилске школе окончана је 1935. године, а освећена 27. маја исте године. Унутрашњност богомоље украшена је фрескама површине око 210 м2. Аутори живописа били су Иван Дики,, Борис Обраснов и барон Никола Мајендорф. Иван Шевцов - Божествена Литургија - храм Св. Архангел Михаил, Скопје (12.07.2008)
- Во црквата Св. Архангел Михаил се одржуваат секојдневните активности ... веднаш до црквата е изграден дел кој летно време го користат студентите за учење ...
- Господ, Создателот на светот, го создал духовниот свет (ангелите) уште пред да го создаде материјалниот свет (земјата, ѕвездите, човекот итн.).
- Принц Едвард во Скопје ... Веднаш по пристигнувањето на скопскиот аеродром, Принц Едвард се упати кон црквата „Свети Архангел Михаил“ во скопската населба Автокоманда каде што положи венец на Гробиштата на британските војници, кои загинале во Македонија за време на Првата светска војна.
- Стотина англиски војници се погребени во Автокоманда
- Стотина британски војници што загинале во Првата светска војна, на Солунскиот фронт или починале од болест во периодот од 1915 до 1918 година, добија паметник во дворот на црквата „Свети Архангел Михаил“ во скопската населба Автокоманда. Таму веќе 80 години се сместени англиските гробишта. Британската амбасада во земјава секоја година со различни почести им оддава почит на загинатите на денот на завршувањето на војната. Пред неколку години гробиштата ги посети и принцот Чарлс, а годинава во мај и принцот Едвард.
- Гробиштата се уредени по иницијатива на Комисијата за воени гробишта на Комонвелтот. Со посебен акт, градот Скопје во декември 1921 година и подарил земјиште од 800 квадратни метри на британската влада. Тоа било донација за да се погребат британските војници. На овие гробишта се погребени само дел војници што загинале во борбите или починале од болест на Солунскиот фронт во периодот од 1915 до 1918 година. На тие гробишта дури и во 1936 година биле погребувани војници.
- Денес на гробиштата има 117 гроба на британски војници и на една болничарка-припадничка на Шкотската женска болница. Шест специјални споменици има на војници што своевремено биле погребени на германските гробишта, а подоцна биле пренесени во Автокоманда.
- По завршувањето на војната, 118 гроба биле пренесени во Скопје од кумановските, прилепските и велешките воени гробишта и од други гробишта. Инаку, за англиските воени гробишта низ светот се грижи Цоммонњеалтх Њар Гравес Цоммиссион.
- Гробиштата во Автокоманда се обиколени со периментален ѕид изграден од неправилни блокови, висок 1,5 метар. Во средината е поставен крст со порака на англиски „Нивното име вечно ќе живее“. Во средината на гробиштата се изведени повеќе низи бетонски перничиња со крст и со имињата на погребените војници.
- За гробиштата веќе 50 години се грижи скопско семејство, кое било избрано од амбасадата на Велика Британија.
- Секојдневно доаѓаме, чистиме, ги наводнуваме цвеќињата околу гробиштата. По смртта на мојот сопруг, заедно со синот се грижиме за гробиштата. Повремено доаѓаат луѓе од британската амбасада и ги проверуваат земјата и цвеќињата - ни изјави жената што е ангажирана за одржувањето.
- Од британската амбасада велат дека во неделата што е најблиску до 11 ноември, денот на завршувањето на Првата светска војна, тие положуваат венци и им оддаваат почит на загинатите војници. На овој ден претставници од амбасадата ги канат сите Британци што живеат во Македонија да дојдат и да им оддадат почит на загинатите.
- Секоја година различно славиме. Пред неколку години принцот Чарлс ги посети гробиштата, а годинава во мај ги посети и принцот Едвард. Тие посети не беа планирани. На тој ден важно е сите Британци што живеат во Македонија да дојдат и да им оддадат почит на загинатите - рече Стив Инглиш, воен аташе во британската амбасада. - Благословена за причест
- Исто така сум идеен творец и иницијатор за изработка и поставување на фонтаната „Љубов“ во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Автокоманда, која во последно време е „мртва“.
- Архиерејска Божествена Литургија (21.11.2007)
2 comments:
A koj bese Slave ?
Волан, може е време да направиш уште еден пост за црквата во Автокоманда. За жал, деновиве ја перфарбаа со црвена боја. Сега е црвено-бела, ме потсеќа на цркви што сум ги гледал во Полска, Русија, Украина.
некако повеќе ми се допаѓаше чита. бела - беше како споменик во парк, и беше убаво место за релаксација и одмор, или медитација е најубавиот збор.
Post a Comment