Во политиката постои правило дека никојпат немој да велиш никојпат ... ВмроДпмне ја научи лекцијата дека од секоја ситуација треба да се извлече максимален корист за партијата (за жал интересите на партијата се ставаат над државните интереси ... членовите на партиите редовно изјавуваат дека одговараат пред се на судот на партијата, бидејки таа ги штити дури и од државната власт и правосудие ...)... Ако се сеќавате во првите парламентарни избори ВмроДпмне беше победник на изборите - но не формираше Влада, затоа што не сакаше да седи во Влада со ниедна албанска партија, не сакаше да се “курва“ со нив ...
- Најпрвин имавме техничка Влада, која по краток период (година ипол) падна ... се створи коалиџија на СДСМ со албанските партии ... ВмроДпмне падна во криза и почна да се ситни на помали делови ... Позади секое позвучно партијско име се створи мала Партија ...
- СДСМ суверено победи на вторите избори, поради втората грешка на ВмроДпмне, имено тие се повлекоа од изборите ... Тогаш СДСМ се прогласи за државотворна партија и се случија најголемите криминали како ТАТ и приватизацијата ... Се створи олигархијата ...
- На третите избори победи ВмроДпмне ... Клучна улога одигра алтернативците на Топурковски кои застапувајки го третиот пат за кратко време створија голем рејтинг преточувајки го во многу мандати во парламентот ... Љупчо Георгиевски веќе видно повозрастен научи да се “курва“ во политиката ... Створи договор со алтернативците на Топурковски што беше доволно да формира Влада ... поучен од привте извори сега тој коалицира со ДПА ... Љупчо си го товареше магарето и во тие четири години правеше бројни реконструкции, “курвајки“ се со многу гарнитури на политичари ... заради конфликтот во 2001-вата тој направи и Влада на голема коалиција но повторно беше на нејзино чело ...
- Наредните избори ги доби СДСМ со коалицијата За Македонија ... но наместо да го користи мандатот за добробит на Македонецот, Премиерот кој веројатно се засити од премиерската фотеља реши да се прослави како Претседател на МК ... Владата на СДСМ го губеше рејтингот од ден на ден ...
- На следните избори повторно победи ВмроДпмне, но овојпат мудро играше/“се курваше“ ... го прифати за партнер НСДП на Тито Петковски и со него изигра исто како и Георгиевски со алтернативците ... го изжвака и ги плукна ... не сакаше да коалицира со ДУИ кои ги нарекуваше со секакви имиња ... а го прими Тачи и ДПА ... Тачи прерасна во Војвада ...
- Груевски стана нов мајстор на МК “политички курвалак“ ... тој по голема криза во владта во договор со ДУИ, предизвика вонредни парламентарни избири - каде од народот бараше подршка од минимум 61 пратеник ... политички се сроди со партии со кои до тогаш немаше многу блискости ... ги привлече скоро сите помали партии и истовремено го обедини целото Вмро - предходно разделено на бројни групички ... Почна и поединечно да “краде“ кадри од алтернативата и СДСМ ... Победи убедливо и формира стабилна Влада ... го отфрли ДПА и направи коалиција со ДУИ ...
- Последниот политички курванлук на ВмроДпмне е договорот со ДУИ за коалиција на претеседателските и локалните избори ... Со ова се докажува дека во политиката љубовта не е важна - туку се важни интересите ... Така сега членовите на ВмроДпмне ке треба да гласаат за оние против кои војуваа ... оние кои им ги палеа куќите во Тетово и Гостивар ... бидејки ВмроДпмне тоа го бара од нив ... политичкиот курванлак нема граници ...
1 comment:
VMRO na Gruevski ocigledno mnogu se razlikuva so VeMeRe-na bugarinot Ljubco,toa mora da se priznae.....e sega suruvanjeto so onie koi gi palea makedonskite kuki e posledica na dvata razlicni sveta na sds(?) i VMRO,nazalost,VMRO,koe barem sega za sega go brani imeto i identitetot ... dodeka od sprotiva e tvojata sds(?) koja od petni zili se promovira za "Evropska Makedonija" so promeneto ime pa ako zapnat grcistava malku poveke i so izguben identitet (pogledajte gi vo retrospektiva izjavite na vasiot PAPA a i sega ovoj klovnot Frckovski)....... komentarot e izlisen.
Post a Comment