Search This Blog

Sunday, April 26, 2009

Тунелчето кај Ванила ... Корзо 1972 - ноќната шема од седумдесетите ... денес ...

Тунелчето кај Ванила ... Корзо 1972 - ноќната шема од седумдесетите ... денес ...

1.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/81Large-7.jpg?t=1240735301

Период на раната младос - периодот од 14 години до 22 годишна возраст секој го доживува со своето време. Тоа е период кога најчесто се ствараат првите посериозни другарства што не се поврзани со твојата зграда, маало .... период кога од школското дружење се поминува на дружење со помали и поголеми друштва, период кога се случуваат првите симпатии и вљубувања, првите сексуални искуства ... Овој период, по периодот на детството е период на кој најчесто сакаме да се сеќаваме.

Повеќе »

Мојот период од раната младост меѓу 14 и 20 години е врзан за корзото од тоа време, времето на раните седумдесети. Седмо и осмооделенците беа предгрупи на корзото од седумдесетите. Тие на корзото се движеа од 18 часот - дома мораа да се приберат во 20 часот ... Ние малку постарите корзото го започнувавме од 19 часот - шемата на корзото беше до 21 часот, потоа се одеше во некој од кафеаните, летните тераси пред Стоковна куќа и пред сегашен ДалМетФу - тогаш Пелистер ... Летно време популарни беа кафеаните во скопскиот парк Кермес, Езерце и Кампинг ... Дома моравме да се прибереме пред 12 бидејки последните автобуси поаѓаа во 24.00 часот а фајронт беше во 23.00 часот ...

Корзото од мое време беше сконцентрирано на плоштад на страната од кај некогашниот Кенон, покасно тука беа цвеќарите ... Се собиравме во помали друштва и правевме свое кругче ... муабетевме ... попат кибициравме некоја од девојките кои шетаа во помали друштва ... тие секојпат шетаа за да бидат видени и да видат ... шетавме и ние ... ке здогледаш некоја девојка која ти се бендисува, земаш еден другар и се пуштате во акција кај девојките кои се шетаат пред тебе ... се дофрлуваше ... имаше иљада начини како да започнеш муабет ... по долго дофрлување и акција „зидот“ попушташе и се остваруваа контакти ... фаќање за рака беше врвен дострел ... бакнеж на јавно место веќе значеше дека сте пар и беше престиж пред другарите ...

Првите „мувања“ со девојка (пострасни бакнежи и пипање по нејзините гради ...) се случуваа во некој потемен простор ... вообичаено се случуваа на места како местото од мојата приказна во некое блиско тунелче, на некоја клупа од паркот на која нема многу светло во околината ... ретко многу ретко во домашни услови ... не ретко вакни искуства се случуваа и на кино. Покасно за вакви „дејанија“ се оформуваа клубови - клупчиња каде се пушташе музика на грамофони ... плочи беа реткост и вистинско багатство ... музика, рокенролот се нарачуваше по пошта од Лондон ... во Југотон (продавниците за музичка опрема и плочи ...) имаше само домашна музика ... Вистинко богатство беше грамофон кој симаше специјални звуќници ...

2.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/82Large-6.jpg?t=1240737834

Ова е моето тунелче, местото каде се собиравме како средношколци во вечерните часови ... Бидејки учев средно економско во класот имавме над 70 проценти девојки, така да тие не ни недостасуваа ... истите девојки ни наоѓа други девојки кои беа заинтересирани за нас ... често по втора смена во школо завршувавме тука кај тунелчето кај Ванила ... Ванила беше слаткарница во која се продаваа и бели пецива, бурек ... на долната слика е тогашна Ванила сега популарно место за продажба на фото опрема ...

3.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/83Large-6.jpg?t=1240735417

4.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/84Large-6.jpg?t=1240737886

5.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/85Large-5.jpg?t=1240737915

Ова е местото каде се случија моите први “мувања“ ... тука припиени во страсни бакнежи пикавме раце под женските мајци и првпат ги напипававме женските гради ... можете да замислите каква возбуда е тоа. Пипкање под појас беше сеуште мислена именка ...

6.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/86Large-5.jpg?t=1240737937

7.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/87Large-5.jpg?t=1240737964

Ванила беше крај на корзото во тоа време ... лево на оваа слика доаѓаа момците со своите славни НСУ претис 1000 и тристаќи ... Pовештите тука правеа егзибиции со своите коли - имено кога ке доаѓаа со своите коли тука се вртеа во место за 180 степени ... трик кој лесно се изведуваше со слесниот НСУ Претис 1000.

8.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/88Large-5.jpg?t=1240737991

На местото на сегашна Балкан банка - имаше зграда која по земјотресот остана на столбови ... долниот дел не беше заграден и на повеќемина им служеше како мочалник ... Имаше јавно ВЦ десно на местото на некогашен Хотел Македонија - но кој да оди толку далеку.

9.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/89Large-5.jpg?t=1240738021

Долго време корзото беше кружно околу тријаголникот на Рисиќева палата и ул. Македонија ...

10.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/810Large-5.jpg?t=1240738046

Ова е местото каде некаде околу 1975/78 киснев на корзо ... Некогашен Кенон кој се наоѓаше на десниот ќош од улицава ... одкога ке најдев неова девојка секојпат ја носев да ја види друштвото, потоа по кратко време одевме или заедно некаде или се повлекувавме со девојката осамени на некое од тајните наши места ...

11.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/811Large-5.jpg?t=1240738663

12.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/812Large-4.jpg?t=1240738721

Многу кратко време корзо имаше по кејот на Вардар ...

13.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/813Large-2.jpg?t=1240738748

14.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/814Large-2.jpg?t=1240738774

На горната и долната слика беа моите омилени две летни тераси ...

15.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/815Large-1.jpg?t=1240738801

16.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/816Large-1.jpg?t=1240738840

17.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/817Large-1.jpg?t=1240738867

18.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/818Large-1.jpg?t=1240738898

19.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/819Large-1.jpg?t=1240738920

20.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/820.jpg?t=1240738946

  • Историјата на скопското корзо е долга. Према некои сознанија таа започнува во 1919 година на денешната улица Македонија тогаш именувана како „Крал Петар”/„Цар Душан“... Во тоа време корзото се одвивало во попладневните и квечерните часови и била вистинска шема ... Госоѓиците специјално се дотерувале во свилени фустани и во друштво на уште една или две девојки почнувале да штартаат за да бидат видени и за да видат ... На корзото брзо заседнале и уличните продавачи на храна, гевреци, семки и костени ... Бидејки се стварала гужва во градот во тоа време 1930 год градската управа носи пропис како треба да се одвива редот на корзото. Шетачите да се движат кружно секојпат по десната страна ... слободните девојки се движеле по средината а паровите ... Се забранило движење на деца под десет години - како и шетање со бебешка количка ... Покасно корзото се пребацило покрај Вардар и било наречено „Џафте корзо“, под костените од тоа време ... сегашното популарно место на кафеаните на Кеј - кое сега е заградено заради изградба на објектот на плоштад ...
  • Од корзо на кино, па на железничка ... Ристо Ќортошев ... Вест Број:1190 Сабота 6/19/2004 ...
    - Секој поголем град, па и Скопје има своја главна улица, каде движењето е најфрекфентно. Таква во Скопје некогаш беше улицата "Маршал Тито", најдолгата во тоа реме. Со изградбата на железничката станица (денес Музеј на град Скопје) таа започнала да се оформува како богата урбана целина со бројни модерни згради со дуќани, ресторани и хотели, кина. Тука беше и католичката црква со простран заграден двор. Од поважните згради беа Кранговата и Ристиќевата палата и други, на познати имотни скопски семејства.
    - Од хотелите, близу до железничката станица е "Бристол", па до него, кон плоштадот, "Одеса", кој потоа се преименува во "Скопје" (го снајде истата судбина како и градот во 1963 година), малку подалеку беше "Москва". Спроти Крангова палата имаше гостилница наречена "Гурман", што одговараше на квалитетот на јадењата, а затоа секогаш беше преполн со гости. Спроти Ристиќевата палата, сега "Дал Фуфо" беше пространиот и низок ресторан "Пелистер" со свои постојани гости. Во зимските месеци во него тешко можеше да се најде место, а внатре беше толку зачадено што навечер не се препознаваа ни лицата на гостите, а чадот се мешаше со миризбата на алкохолот и реата од тоалетите. Но и покрај таа измешаност на мириси, никому не му текнуваше да си оди.
    - Во сеќавање од многуте фирми на главната улица чии имиња беа мошне специфични е "Добро Мања", поим што и денес не знам што значи, но и сопственикот исто така го нарекуваа скопјани. Тука, до католичката црква беше крзнарската продавница "Аљаска" , а понатаму кон кино "Вардар" дуќанот на таткото на филмскиот режисер Бранко Гапо со фирма "Мода", а токму спроти неа на местото на сегашниот хотел - ресторан "Турист" беше еднокатната зграда во која се роди нашата кинематографија "Вардар - филм". На истата страна, во зграда што и денес постои, беше познатата пред и по војната, па и некоја година по ослободувањето, "Бата" - продавница за гумени чевли и производи. Таа потоа се нарече "Комбинат" и на крајот, и денес "Борово". И "Македонски фолклор" имаше своја продавница, па една до друга малата продавница за чорапи, особено женски, "Шик", па "Краш" беше залепена за административната зграда на католичката црква изградена во готски стил.
    - Кон главната улица sиркаше мало сокаче. Таму живееше еден постар чевлар кој изработуваше само женски чевли. Неговиот мал стаклен излог беше закачен на sидот на куќа на главната улица и на него стоеше претенциозниот наслов "Мистингет", име на познатата од минатото светска дама. Во тоа време под влијание на Запад, се појави едно специфично облекување кај некои млади. Машките носеа тесни панталони, долги сакоа, шешир со широк раб, чевли со трикатен и трибоен ѓон, а косите им беа долги како и нивните бакембарди (и денес го има тоа. Таквите младинци беа маркантни зашто и нивното сврталиште беше тука, на главната улица, пркосно парадирајќи. Таквиот младич се нарекуваше "суинг". За нив се состави и песна за потсмев: "Панталоне уске, тродупли ѓон, шешириќ мали ко авион, жене ми кажу да имам дара и да сам леп ко свињски реп". Песната секако беше дојдена од другите краишта на тогашната држава. Овие непокорни младинци од власта беа набедени дека шират западна декаденција меѓу младината, па затоа сред бел ден тука на улицата, им се сечеа ногавиците, ги стрижеа во вид на крст и заедно со таквите екстремни девојки, беа испраќани во Маврово на работа за изградба на хидроцентралите.
    - На главната улица се до земјотресот се одвиваше и традиционалното шетање на скопјани од сите возрасти наречено "корзо". Секоја вечер, во работните денови помалку, а во саботите и неделите многу повеќе, улицата беше преполна со народ, и зиме и лете, па граѓаните што сакаа во тие вечерни часови да купуваат во дуќаните, многу тешко се пробиваа низ густиот шпалир луѓе. "Корзото" започнуваше од Ристиќева палата па се, скоро, до железничката станица. И тука владееше некој непишан закон - на тротоарот кај Ристиќева палата се шетала работничката младина, на коловозот - повозрасните, до ивиците на тротоарите тие што беа кандидати за женење - мажење, а на спротивниот тротоар - студентите и средношколците. За овие последните, шетањето важеше само до 20 часот, таква беше наредбата од школските власти. По ова време, ако некој ученик или ученичка се најде на улица, следуваа ригорозни казни се до исклучување од училиште. Можеше само со родителите во кино или театар. Таквите мерки некои ги почувствуваа и беа исклучувани заради "неморал". Во неделните утра имаше мало "корзо". Тогаш, пред продавницата "Громби" - штофарница се собираа речиси само младинци, а најбројни и секогаш редовно присутни беа тајфите на Благој Календеров и Панче Уневски. Календаровци тогаш сите купија нови велосипеди марка "Дијамант" и со нив креваа чалами. И имаа право, зашто тогаш да имаш нов велосипед како да имаш автомобил.
    - На главната улица и малите попречни, исто така вриеше од живот. Особено на улицата "Луј Пастер". Но, најпрвин да го споменеме киното "Вардар", кое беше малку вовлечено од улицата. Тоа е една масивна зграда која не му потклекна на земјотресот. Тоа има убава сала со простран балкон. Меѓутоа, стари скопјани знаат дека и подрумот на "Вардар" беше претворен во кино - сала уште далеку пред Втората светска војна. Таму, за разлика од "партерното" кино каде се проектирале "сериозни" филмови, во подрумот се проектирале филмови со подруга содржина што денес може да се наречат порно. Интерсно е и тоа што тогаш филмовите не се проектирале во интервали од два часа, туку лентата се вртела непрекинато, а гледачот можел да го гледа најпрвин крајот, а потоа почетокот. Денес во киното се доаѓа речиси преку еден ходник. На веќе спомнатата уличка "Луј Пастер" има две значајни згради, едната е "Американ палата", а другата кино "Култура". Во палатата, ама не горе, туку во полуприземната соба, живееше познатиот научник од Сорбона, Паскал Сотировски. Тој беше наш другар. Додека студиравме, ние, зиме - лете се шетавме навечер на Корзото, а Паскал беше залепен за книгата. Особено зиме, кога ќе не потфатеше мразот и ветерот, одевме кај него да се згрееме и на чаша планински чај (тој беше од Мавровско).

    http://star.vest.com.mk/images/%7BD66433D3-DF1C-4ECF-A4F8-9C7451D0A9FE%7D_skopje-2.jpg
  • На корзо за кибицирање, во парк на љубење - Љубов на стар скопски начин ...
    - Да бакнеш девојка зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче, затоа што додека се стигне до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење. Порано во старо Скопје да ти дозволи девојката да ја испратиш до дома, значело дека "си на коњ". Тоа значело дека девојката е веќе твоја, а кога ќе стигнеш пред зграда или пред куќа, "за бакнеж ако имало клупа добро, а ако не - на sид". Стари скопјани раскажуваат дека да ја бакнеш зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче. А додека стигнеле до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење пред школата каде што учи и додворување на сите можни начини.
    Во златните години на Скопје, крајот на 50-тите и во 60-тите, имало неколку места кои на прсти се броеле, и каде што се излегувало и можело да се најде девојка. Тоа биле скопското корзо, скопските кина, Градскиот парк, игранки и диско. Љубовта се случувала во маалото, на улица, во кафеаните.
    - "Денес можеш многу лесно да водиш љубов. Тогаш не беше толку лесно, затоа што слаткарниците ги заменуваа денешните кафулиња, а беа малку. Се одеше во "Ванила", кај сегашно "А-ха", или во "Шехерезада", спроти пивницата "Лондон", поранешна "Кооператива". Контактот беше побавен, а и жаргонот меѓу момчињата и девојките беше поспецифичен. Тогашните фраери и денешните не се исти. Се излегуваше еднаш или два пати неделно, и никогаш немаше директен контакт ако видиш дека некоја девојка ти се допаѓа, туку тоа долго време одеше преку нејзини другарки или комшии", вели Данило Коцевски, хроничар на Скопје, новинар и писател.
    Кога ќе се забележела девојката на корзо или во диско, раскажува Коцевски, се минувало низ пеколни маки додека да и се доближиш. Се вртеле кругови и кругови по корзото само за да се види еднаш или, евентуално, двапати во вечерта. Корзото почнувало кај ресторанот "Метропол", па покрај "Пелистер" или сегашно "Далметфу", се одело до сегашна стара железничка, и тоа во две насоки. Во едена колона се одело кон железничка, а во друга од таму кон "Метропол", а додека шетале си ги разменувале првите срамежливи погледи, кај скопјани познати како кибицирање.
    - Главни
    sвезди на корзото биле скопските фраери и девојките т.н."кралици на корзо". Да си скопски фраер значело да возиш мотор или велосипед. Колите биле луксуз и привилегија на малкумина, а ако некој имал, тоа било или "фиќо" или "тополино".
    - "Фраерите носеа долги коси и тесни панталони - цевка. Ама не беше лесно да се биде ваков фраер. Полицијата ги фаќаше среде корзо и пред сите им ја стрижеше косата и им ги сечеше панталоните. Тоа беше невиден срам. Освен срамот, следуваше и казна - превоспитување. Ги праќаа на работа на браната 'Маврово' или во некој друг град на физичка работа. Девојките на фраерите најмногу плачеа кога ќе ги пратеа на превоспитување", раскажува еден стар скопјанец, кој на времето имал другари фраери.
    - Обично пред "Метропол", според сеќавањата на стари скопјани, на корзото стоеле постари момчиња и моми, кои ја надминале 30-тата. По земјотресот корзото се сели пред слаткарниците "Ванила" и "Шехерезада". Се случувало некои момчиња да шетаат среде зима на корзото по куси ракави. Тогаш фраерот сакал да покаже дека "некому од дома му купиле нов часовник". По цена и да се разболи. Ако, пак, шеташ со чепкалка во уста, значело дека претходно си бил во кафеана на вечера.
    - Првиот бакнеж во педесеттите, се присетуваат скопјани, најчесто се случувал во мракот во кино. Обично момчињата плаќале се, но кога оделе на кино се случувало, кога девојките ќе дојдат пред време, да извадат карти за двајцата. Во кино се чекале и Нови години. Тогаш обично се давале по три филма. Сите си носеле од дома грисини, торти, кокошки, а се случувало среде филм да залетаат насекаде и крилца од кокошките.
    Она што е интересно, раскажуваат постарите, е киното во шеесеттите за кое не се плаќало карта.
    - "На
    s
    идот од зградата, до денешен 'Кенан' се даваа филмови кои се прожектираа од Офицерски дом. Тоа кино го викавме 'кино без пари', а таму се даваа партизански филмови или македонски. Карта не се плаќаше, и сите си носевме столчиња од дома. Кој ќе си донесеше добро, а другите стоеја. Одеа и млади и стари, и тука се случуваа и првите љубови. Наместо да го гледаш филмот, гледаш кој има околу тебе", вели една скопјанка од Маџир маало.
    Љубовџиите биле храбри, но, сепак, најмногу се плашеле од браќата на девојките. Се велело дека ако те види татко и, ќе поминеш некако, ама ако те види некој од браќата, си го обрал бостанот. Тоа било за оние што оделе на корзо и по игранки. Оние што подлабоко ќе завлезеле во љубовта, корзото, игранките и дискотеките повеќе не постоеле. За таквите најубаво место бил т.н. трет дел од паркот.
    - "Таму, според раскажувањата, се случувале првите поинтимни искуства меѓу љубовџиите. Во првиот и вториот дел од паркот одеа речиси сите, ама штом ќе отидеа во третиот дел се знаеше зошто одат натаму. Посебно за женските не беше баш пожелно да се знае дека отишле со некого, зошто следниот ден знаеше цело корзо. Не се покажуваа со прст, ама сите зборуваа", раскажува Коцевски.
    - Летно време, место за љубов и забава биле плажите на Вардар. И како што раскажуваат, момчињата редовно правеле глупости за да се покажат пред женските, но и женските не останувале покуси. Се случувало за да се покаже дека е голем пливач, фраерот да проба да го преплива Вардар. Тогаш се случувало често реката да има големи водовртежи и да биде надојдена, па редовно ги спасувале од давење оние кои се правеле "чатал".
    "Избегавме од дома за да ги бараме девојките на Градска плажа, ама ги немаше, па решивме ние да си се избањаме. Завршивме, и на излегување од водата, еден од другарите ги соблече гаќите за капење да ги истиска, за да не забележат дома дека бил на плажа. Баш во тој момент се случи да помине девојката што му се допаѓаше и го виде гол. Таа се усрами и избега, а тој почна да плаче од што му беше криво зошто го виде во такво издание", вели еден скопјанец, кој сакаше да остане анонимен за да не му се налути другар му.
    - Џентлментсвото во Скопје, раскажуваат упатените, започнува уште во времето на кралска Југославија. Се вели дека вистинска револуција во Скопје било отворањето на првата цвеќарница во Скопје во 1936 година, кај денешно кино "Вардар". Тогаш момчињата почнале да им подаруваат цвеќиња на девојките, а се навикнале и да носат шешири. Љубовните состаноци во тоа време се закажувале пред "Бристол", а она на што многумина се сеќаваат е како девојките бегале од дома само за еден бакнеж со саканиот. За да не ги забележат нивните родители, тие, на една минута претрчувале по налани. Звукот на наланите момчињата го слушале од далеку, и едвај чекале да видат дали тоа е нивната девојка.
    - По земјотресот главно место на младите вљубени парови станува кејот. Односно, кејот кој почнувал од кај денешен "Холидеј ин", па се до Народна банка, кој скопјани го викале "џафте корзо". Последните опашки на корзото се некаде почетокот на 70-тите години. Тогаш се случуваат драстични промени, како во излегувањето така и во однесувањето на младите. Се појавуваат диското и хип-хоп движењето кое пропагирале сексуална слобода. Се уште биле актуелни и кината, претежно "Братство", "Младина", "Напредок", "Балкан", "Вардар"... Во "Напредок" претходно се давале благо еротски филмови, но со новиот начин на пропагирањето на сексуална слобода во светот, почнуваат многу често да се прожектираат порно филмови
    .

    http://webserver.sonet.com.mk/programmes/telecollaboration/makedonija/braka_miladinovci/images/staro.skopje.jpg
  • Главната забава била на корзо - ДОСИЕ СТАРО СКОПЈЕ: ЗАБАВАТА ВО ГРАДОТ ОД 1918 ДО 1941 ... Горан Игиќ - Дневник,сабота, 18 март 2006 ...
    - Главен белег на Скопје во периодот по двете светски војни било корзото. Се што требало да се покаже во градот можело да се види на легендарното скопско шеталиште. Граѓаните најчесто излегувале на корзо во попладневните часови, и тоа најмногу во неделите.
  • Шеталиште за скопски фраери и отмени госпоѓици - ДОСИЕ СТАРО СКОПЈЕ: ЗАБАВАТА ВО ГРАДОТ ОД 1918 ДО 1941 ... Петар Чулев - Дневник,сабота, 18 март 2006 ...
  • http://www.cdnh.edu.mk/Proekti/multimedija08/gradbi_staro_Skopje/ristikeva_galerija.html
  • Од некогашен Чаир останаа домазетовците и серенадите ... Маја Илиевска ... Вечер, Сабота 1/24/2004 ...
    - "На корзо се одеше само сабота и недела, другите денови се работеше. И тоа не беше излегување како сегашниве млади, туку само до 20-21 часот. Потоа сите по дома. На корзото се одеше да се види и да се биде виден. Нас, девојките, од дома не не пуштаа сами на корзо. Или ќе пратеа некоја помала сестра или помал брат за да ни смета во работата или, пак, некој од постарите ќе се паркираше во некој дел каде што минуваше корзото. Шпиуни колку сакаш. Да мрднеш со прстот, утре цел Чаир ќе знае. Па затоа со момчињата на корзото само се гледавме, си дававме знаци, а вистинското место беше паркот Чаир. Таму се среќававме", раскажува една стара чаирчанка.
    На корзо доаѓале и топаанчани. Чаирчани најмногу се тепале со нив, а по обичај, чаирчани се женеле со девојки од Топаана. Тепачките не биле само поради девојките. По традиција, тие се тепале за да докажат чие маало е постаро. Поради расправиите меѓу нив, во Чаир немало црква се до 1927 година.
    "Чаирчани и топаанчани постојано се расправале меѓу себе чие маало е постаро. Она што ќе се утврдело дека е постаро, ќе добиело право да изгради црква. По многу расправии утврдиле дека Чаир е постар, па чаирчани го добиле правото да изградат црква и во 1927 година била осветена црквата "Св. Ѓорѓија" во која прв поп бил поп Ацо, дедо на владиката Агатангел", вели историчарот Трајковски
    .
    http://star.vest.com.mk/images/%7B5DF2C5EA-2596-405F-B7C9-CB48F57A885A%7D_cair-2.jpg
  • Скопската калдрма - тајната љубов на осамениот шетач ...
  • СТАРИТЕ СКОПСКИ УЛИЦИ - “МАКЕДОНИЈА" ... ОДЛУКАТА ЗА ИЗГРАДБА НА ГЛАВНАТА УЛИЦА БИЛА ДОНЕСЕНА ВО 1876 ГОДИНА, ПРОБИВАЊЕТО ТРАЕЛО СЕДУМ ГОДИНИ , А ПРВИТЕ УЛИЧНИ ФЕНЕРИ ДЕСЕТИНА ГОДИНИ ПОДОЦНА БЛЕСНАЛЕ ТОКМУ НА ОВАА УЛИЦА ...
  • Легендарниот стар скопски дуќан за бојосување и чистење кожа"Кенан", ја има преживеано поплавата во Скопје во 1962 и земјотресот од 1963-та. Дуќанот се уште се наоѓа на истото место како откако е изграден, на плоштадот Македонија, на аголот на еден од неговите краци, кога се оди по улицата кон зградата на главната Пошта 2. Поплавата потопила се во Скопје, војската со чамци по Плоштадот спасувала луѓе. Стариот Кенан, кој не е повеќе меѓу живите, мислел дека е готово со дуќанот, но кога водата се повлекла, видел дека дуќанот се уште цврсто стои. ... ... Плоштадот пред повеќе децении вриел од луѓе, и дека од кај "Кенан" започнувало корзото, продолжувало накај стара "Ванила", денешен Рекорд, и потоа пак луѓето се враќале кон Кејот. "Од метеж не можеше да се помине. Игла немаше каде да се фрли. Тука се склучуваа познанства, бракови, се закажуваа состаноци кога младите се чекаа за на корзо. Тогаш шетањето беше во колони, младите на една страна, старите на друга. ... ... На два чекора од вратата на дуќанот се наоѓа еден висок коцкаст столб со искршени стакла. Се забележува дека е бојосан со нежна розова боја пред повеќе децении. Бојата сега е излупена од дождови, снегови и обледена од многу сонце. Во оваа витрина, се потсетува Кенан, порано се огласувале кинопроекции за старото кино "Култура".

No comments:

Blog Archive

Site Meter