Search This Blog

Monday, April 06, 2009

Како помина мојата втора прогноза ... СДСМ е прегазен од шлеперот/возот де ВмроДпмне ...


Како и за првиот круг кога имав релативно успешна прогноза - се осудив да направам и втора прогноза ...

Повеќе »

  • напишав: “ ... без “мотивирање“ на албанските гласачи во вториот круг нема да има излезност над 40 проценти од електоратот ...“ ... ... “... Ниту Фрчковски ниту Иванов не се ликови кои поради својот ореол ке привлечат доволно гласачи ... Е да ке заборавев од оние кои ке гласаат секако повеќе гласови ке добие Иванов ... но не повеќе од два према еден ...“ ... така некако и се случи Иванов победи со разлика помала од два према еден ... цензусот е исполнет благодарејки на неважечките ливчиња ... албанците ги бојкотираа претседателските избори ...
  • Во првиот круг Иванов доби скромни 343.374 што е 19,2 % од вкупниот електорат ... сега доби 451.365 гласа што е 25,2 % од вкупниот електорат ... значи ги доби гласовите од верното гласачко тело на ВмроДпмне ... особено беше изразено гласањето за Иванов во Западна Македонија ...
  • За Фрчковски во првиот круг гласаа 200.316 што е 11,2 % од вкупниот електорат ... Во вториот круг доби 263.457 гласови, што е 14.7 % од вкупниот електорат ...
  • Односот меѓу Иванов и Фрчковски е сличен и во првиот и во вториот круг ... По мене Фрчковски доби изненадувачки повеќе гласови од колку што очекував ... на крај беше доволно фер машки да ја честита победата на својот политички противник и колега од факултет ...
  • “... За Градоначелник на Скопје релативно убедливо ке победи Коце Трајановски од ВмроДпмне ...“... така и се случи Коце Трајановски победи освоил 111.897 гласови, а кандидатот на опозицијата Тито Петковски 68.942 ... односот е сличен како и кај претседателските избори ...
  • “...Во Центар и Карпуш ке биде неизвесно (тесно во секој случај ...), иако мала предност им давам на опозиционите кандидати ...“... нешто слично и се случи ...“ Во Центар тесна победа извојува ВмроДпмне а во Карпуш ЛДП подржан од СДСМ ...
  • “... На преостанатите општински избори ВмроДпмне повторно ке освои повеќе градоначелници (два према еден ...)...“... Победата на ВмроДпмне е многу поголема ... дури освои општини во кои во првиот круг СДСМ имаше предност ... ВмроДпмне ги смачка своите политички противници со аксиомата - дека во соработка со централната влст општините кои ке довијат градоначалници од ВмроДпмне ке имаат предност во нивниот развој ??! - дали ова значи дека во девете општини кои не се со нивна власт ке нема никаков развој а во сите други ке цветаат рози ... ке видиме ...
  1. Ке имаме ли излезност во вториот круг над 40 проценти ... мојата прогноза за вториот круг ...
  2. На кого сега ке се вади ВмроДпмне ... Им честитам на сите кандидати на ВмроДпмне кои на демократски избори добија власт ...
  3. Како помина мојата прогноза за претседателските избори ...
  4. Време за прогнози ... мојата прогноза ...
  5. Останати написи во врска со изборите ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter