Читкам по вестите за известувањата од полиитичкиот живот во Македонија - се` некако ми се гледа сиво ... изгледа до наочарите ке да е - можеби треба да си купам нови „розови“ наочари, онакви со кои Владата ни не гледа нас граѓаните. Бидејки Владата гледа и ни соопштува „розови“ вистини за нашата судбина а ние граѓаните кои офкаме тоа не можеме да го приметиме.
Но знаете како се вели, после „е*бе*ето“ на избори - „каење“ дури на наредните избори ... до тогаш народот никој нема ништо ни да го прашува. Еве некои рандам вести кои нетреба премногу да се коментираат:
- Владата направи ребаланс на буџетот - иако велеше дека од него нема да има потреба, бидејки економијата не ни е толку катастрофално погодена од кризата ...
- Нови 40 иљади невработени во реалната економија ... се навестуваат нови затварања на фабрики и погони ...
- Ги сакаме парите од ММФ ама нејќеме аранжман со нив ...
- Владата вети дека нема да се задолжува кај домашните банки - ама месечно сеуште бара пари од домашни извори ...
- Владата е во преговори е со неколку странски приватни банки за пари за стабилизација на економијата ... ама сеуште е се` само на ветувања и меморандуми ...
- Откако во минатите три години тотално го уништи малото стопанство со даночни мерки на оптоварување - сега повторно се колне во него и ветува кредитирање ... ама три кила крв како гаранција малото стопанство веќе нема за давање - луѓето издишаа ...
- Не забавуаат новоизбраниот и стариот Претседател на РМ - со тоа дали ке има заедничко кафе или нема да има ... каков ке бил „политичкиот парастос“ на стариот Претседател ... ке седи ли новата госпоѓа претседателка на истиот тросед кој го користела старата ...
- Кога нема никаква друга вест од секторот здравство - кое има пари само за плати на своите вработени ... добра е и веста дека сме спремни за свињскиот грип ... имаме капацитети дури десет легла во инфективната клиника од кои едното празно го изнасликаа во сите телевизии ... е да, позитивното е дека ХПВ вакцинацијата ке продолжи - овојпат со одложено плаќање од неколку милиони евра ... само рекламата за оваа мерка кошташе неколку стотина иљади евра ...
- Главна „забава за народот“ деновиве е укинувањето и Веронауката во школскиот систем и буката околу тоа прашање - како и изградбата на Црква и Џамија на плоштад во центарот на Скопје ... Наместо овие теми би сакал да слушнам дека за тие пари е решено некое економско прашае на невработениот и сиромашниот народ ... дека се отвара нова фабрика каде ке се вработат барем иљада нови вработени ... од што иљада семејства ке имаат радост во своите домови ... Додуша, власта и нејзините подржувачи веќе се изјаснија дека тие не се должни да го решаваат проблемот на невработеноста на народот - осем ако не е од нивната партија ...
- Уставот повторно се напаѓа ... тој ни бил крив за сите наши проблеми ...
- Светло во тунелот даваат позитивните тонови за визната либерализација која се навестува за крајот на оваа година ... Народот барем на црно ке почне да бара работа надвор од Македонија ...
- Односите со Бугарија ни се во нагорен тренд - причина успешното заедничко шоу за избор на популарен пејач во кое се сликаа дваица министри едниот од Бугарија и другиот од Македонија ... Дури и односите со Србија ни се подобруваат - конечно имаме Амбасадор во земјата со која имаме најголема економска соработка ...
Јас би сакал да имаме досаден политички живот кој подразбира дека:
- Народот не се интересира за политика - осем кога некој политичар ке искочи како вест во жолтата штампа ...
- Народот да незнае кој е Министер за Одбрана или Полиција ... или сеедно кој друг Министер ... а зошто пак би морал да знае кој е Премиер на РМ - ако на народот животот му оди онака европски - лагодно ... ако народот има работа и од работата може да ги плаќа сметките ...
- Последната точка од горе треба да се помести тука ...
1 comment:
narodot da ne go interesirashe politika nemase da izlaga na izbori, pa togash kje se zamislea shto trevba navistina da pravat za da imaat rabota, ova politicharive, inace site na ulica kje ostanea.
Post a Comment