Search This Blog

Tuesday, April 28, 2009

“Државните кучиња“ удрија по народот - државата си го бара “своето“ ... Мирче, Трпче, Трајче се на потег ...

Изборите завршија државата се судрува со реалните проблеми на владеењето - буџетот “кашла“ ... потфрлуват приходите во буџетот. Се направи ребаланс кој како мерки на шедење почна да се рекламира на телевизите и останатите медиуми кои одавна се претворија во огласни табли на државата (читај на владеачката партија која легитимно владее со 25 проценти од електоратот ...). Медиумите кои се зависни од парите на “државниот огласувач“ станаа средство за заплашување на народот.

Повеќе »

Издадена е „наредба“ да се прибираат сите ненаплатени приходи на државата почнувајки од најситните ... Јавните претпријатија и Управата за приходи кои имаат побарувања од народот поитаа да се договорат со “државните кучиња“ (читај Агенциите за наплата на побарувања ...) да втеруваат денар по денар во гладниот буџет ... Живеам во зграда на работничка класа. Комшиите од кои повеќе од половина се стечајни работници кои сега не работат никаде, ми велат дека не им се оди да ја земаат поштата од своите поштански сандачиња. Тие се полни со црвени пликови во кои “државните кучиња“ бараат наплата на долговите кои се пред се према државните јавни претпријатија. Неплатените сметки за вода и телевизија се главните утужени побарувања.

Владеачката партија го покажува целиот сјај на владеење на десницата. Удри по народот од кога завршија изборите. Дали ке има реакција на сето ова ... ке се само-организира ли народот кој е погоден во огромен број ... или ке остави “државните кучиња“ да го касапат по меките ткива.

2 comments:

Anonymous said...

Samo da znaes batka a i tie koi go citaat postov kolku "drzavni kucinja" ima vo taa EU koi ja polnat kasata nivna i kako ne se tolku labavi vo naplakanjeto ...... zatoa napisanovo e samo so cel da ja ocrni vladava,ali nema veze sekoj si ja tera vodata kon svojata ........pa do nekade se ima razbiranje,kritika mora da ima ama so isaf batka,so isaf.

Anonymous said...

Gledam i se cudam druze n i t u e d e n da go nareceme bloger, nema spomenato za masakrot vo Vejce,inaku deneska se 8 (osum) godini od toj gromorozen nastan,blagodarejki na ovie ramkovnive zelki,jebi ga,pa i uste i ucenuvaat ....... ete ni go staro-noviot Osmani i tako dalje.......... eeeee demokratija ramkovska.....

Blog Archive

Site Meter