Search This Blog

Loading...

Wednesday, April 29, 2009

Кредитниот ни рејтинг ... сиромашниот и будалиот плаќаат двапати ... Ден Дончев

Во неколку колумни во Утрински Ден Дончев ни појаснува што и зошто ни се случува околу задолжувањето ... по сево ова не е чудо да го прогласат за економски шпиун и штетен по интересите на државата.

Повеќе »

Во последната колумна Ден Дончев вели дека: Паднаа маските на Владата

  • Република Македонија ќе мора да се задолжи со нови девизни кредити однадвор за да може да го покрие дефицитот на тековната сметка за 2009 година. ... што би представувало спас за стабилноста на девизниот курс ... ова како неопходност го посочи и Народна банка на РМ ... износот на кредитот веројатно ке биде меѓу 150 и 300 милиони евра.
  • По наводите на Дончев, Владата свесно избрала да потроши повеќе одколку што и е долга чергата ... иако го скастри буџетот, веројатно тоа е недоволно ...
  • Дончев одавна кажува дека Владата иако јавно не признава е во преговори со ММФ, но бидејки не и се допаѓаат условите под кои ММФ ги дава парите - таа бара пари на таканаречениот слободен пазар на пари ... тука пак поради падот на кредитниот рејтинг кредитите кои ке ги земе владата ке бидат со камата меѓу 9 и 11 проценти ...
  • Дончев вели дека со барањето на овој заем владата признава дека не очекува странски инвестиции оваа година и затоа е приморана на заем кај меѓународните лихвари ...

Дончев појаснува зошто владата не сака аранжман со ММФ, т.е. наведува што се е неприфатливо за владата од барањата на ММФ:

  • Владата би морала да се откаже од проектите (споменици, изградби на објекти, медиумски реклами и.т.н) врз кои се изгради една цела идеологија на владеење во последните три години.
Владата кога ги врати предвремено некои од странските кредити се исфали за паметниот и потег ... сега е приморана да зема нови кредити со многу повисоки камати, па така Дончев вели дека - сиромашниот и будалиот плаќаат двапати ...

2 comments:

Anonymous said...

Premnogu drama druze,nema tuka nisto novo i strasno.Normalno e da pojakite ekonomii imaat krediten rejting pojak,dodeka zemjite kako Makedonija se so ponizok rejting i normalno vo vakvi situacii se bara zaem,zosto ne kazes deka e sepak nekakov uspeh sto se zema kredit od MMF (100 mil.) bez da se napravi dogovor so istite,neli e toa nekakov znak .... deckovo Doncev ama bas nisto novo ne kaza i pazi sega....vladava priznava deka ovaa godina nema da ima investicii ...... ja otkri toplata voda,kako sto miluvas ti da kazes ..... i nekako glupavo mi zvuci oma poslednovo,demek vladava vratila nekoi krediti predvreme(za koe sekoj idiot ke ti kaze deka e toa dobro,neli) se pofalila pa sega e primorana da zema novi krediti so povisoki kamati,pa taka deckovo veli siromasniot i budalata plakale dvapati ...... kade e tuka logikata i vrz osnova na sto zaklucil deckovo taka samo toj znae......da se krsti covek .... i ne mora da si budala i siromasen koga skoro cela svetska ekonomija e otidena u kurac ...... no stom e od Utrinski sve e jasno batka....

Anonymous said...

Vo Utrinski isto ima interesen napis kade plovi opoziciskiot brod - ili kud plovi ovaj brod,ja pamtis batka sigurno,mislam od Boban Stefanovik bese ..... i so mnogu interesni komentari,od poklonici na opozicijata ....

Blog Archive

Site Meter