Ке има ли мотив МК избирач во недела да излезе на претседателските избори и да го исполни цензусот ...
Уште од стартот на предизборието моите прогнози беа дека без “мотивирање“ на албанските гласачи во вториот круг нема да има излезност над 40 проценти од електоратот ...
Во меѓувреме ниеден од кандидатите кои искочија од трката за претседател не излезе со подршка за некој друг кандидат ...
- Најпрвин Ружин и ЛДП се изјаснија дека ке остават на своите избирачи како ке се изјаснат на изборите ...
- Бошковски - рече дека не му паѓа на памет да бара од своите бирачи да гласаат за некој од дваицата преостанати ... се` поизвесно е дека Бошковски ке формира своја партија ... или ке ја превземе ВмроНП ...
- Слично се изрази и Селмани ... иако мислев дека тој ке биде малку наклонет кон кандидатот на ВмроДпмне - поради шпекулациите дека во постизборието тој ке се доближи до власта и ке влезе во владата на Груевски ...
- ДПА рече дека отворено ке го бојкотира вториот круг на избори ...
- Единствено ДУИ излезе со соопштение дека ке го подржи Ивбанов во вториот круг (имаше пазар со Груевски ...)... Не е јасно како ДУИ ке ги мотивира своите гласачи да гласаат за некој кој е против Рамковната спогодба и последната територијална поделба ... Можеби се спрема повтроно полнење на кутии ??! ...
- Останува дисциплинираното членство на ВмроДпмне ... сега мора да се пресмета колкаво е тоа ... не верувам дека е повеќе од 25 проценти од вкупниот електорат ... зошто член/симпатизер на ВмроДпмне би гласал за кандидат кој не е член на ВмроДпмне ??! ...
- На овие 25 проценти би можело да се придодадат уште 15 проценти гласови собрани на разни начини ... само да не бидат со полнење на кутии ...
- Како и да биде, тенко ке биде ...
Ниту Фрчковски ниту Иванов не се ликови кои поради својот ореол ке привлечат доволно гласачи ... Е да ке заборавев од оние кои ке гласаат секако повеќе гласови ке добие Иванов ... но не повеќе од два према еден ...
За Градоначелник на Скопје релативно убедливо ке победи Коце Трајановски од ВмроДпмне ...
Во Центар и Карпуш ке биде неизвесно (тесно во секој случај ...), иако мала предност им давам на опозиционите кандидати ...На преостанатите општински избори ВмроДпмне повторно ке освои повеќе градоначелници (два према еден ...)...
Најмалку од се - не посакувам немири во вториот круг и полнење на кутиите ... иако таа практика беше присатна скоро во сите втори кругови на претседателските избори досега ...
No comments:
Post a Comment