На барање на ЛДП Уставниот суд ја укина Веронауката во образованието т.е. го укина членот 26 од Законот за основно образование со кој беше овозможено да се организира верско образование за основците од петто оделение нагоре. Со тоа во рок од десет години по вторпат Уставниот суд ја укинува веронауката во образованието ... Првиот пат беше укината пред десет години - кога Министерот Новковски ја воведе Веронауката во образованието ...
Повеќе »- Според уставот на граѓаните им е загарантирано правото на вероисповест, но никој не треба да влијае врз нив дали ќе веруват или нема и како ќе го манифестираат своето верување, затоа уставните судии гласале за укинување на вероучењето.
- „Во ситуација кога, таквата уставна определба за слобода на вероисповеста, како гаранција за граѓанинот, се поврзува со државна образовна установа, основно училиште, Уставниот суд оцени дека не се обезбедува одвоеност, во случајов на државата и верските заедници, туку нивно поврзување, што влијае на слободата на граѓанинот во вероисповеста“, изјави м-р Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставен суд.
- Со укинувањето на веронауката не им е оспорено правото на верско образование на граѓаните, вели Миленковиќ. ... ... „На верските заедници им е овозможено слободно да организираат верски училишта, но тоа подразбира надвор од државно - образовните установи“, вели Миленковиќ.
Пратам по медиумите како реагираат партиите ... Партиите од власта и Црквата прашуваат кого штити Уставниот суд ... додека партиите од опозицијата велат дека таква одлука на Уставниот суд се очекуваше - бидејки во Уставот стои јасна поделеност на Црквата и Државата ... член 19 став еден и два од Уставот ...
Член 19 *)
Се гарантира слободата на вероисповеста.
Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразу-
вање на верата.
Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи
се одвоени од државата и се еднакви пред законот.
Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи
се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни
установи во постапка предвидена со закон.
*) Со точката 1 на Амандман VII се заменува ставот 3 на членот 19, а со
точката 2 се заменува ставот 4 на членот 19 од Уставот на Република Ма-
кедонија.
А М А Н Д М А Н VII 10)
1. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во
Македонија, Католичката црква, Евангелско - Методистичката црква, Еврејска-
та заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од др-
жавата и се еднакви пред закон.
2. Македонската православна црква, како и Исламската верска заедница во
Македонија, Католичката црква, Евангелско-Методистичката црква, Еврејската
заедница и другите верски заедници и религиозни групи се слободни во осно-
вањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во пос-
тапка предвидена со закон.
3. Со точката 1 на овој амандман се заменува ставот 3 на членот 19, а со
точката 2 се заменува ставот 4 на членот 19 од Уставот на Република Маке-
донија.
Доколку власта сака да го смени сето ова бидејки има доволно пратеници нека го смени Уставот во то дел ... делот каде јасно стои дека Црквата и Државата се подвоени ... делот каде се вели дека сме ние секуларна држава ... Нека се прогласиме дека сме некаква копија на некоја држава каде религијата е рамноправна во владеење со народот како што е во неколку муслимански земји во светот ... Во цивилизираниот свет секаде Црквата и Државата се подвоени ...
Во случајот сите ние што сакаме да им дадеме верска поука на своите деца ке мора да ги носиме во црквите ... еднаш или двапати неделно ... Неделата ке треба заедно да одиме на литургија - што ке представува вистински пат како на нашите деца да им ја доближиме религијата а со тоа и веропоуката ... така и црквата ке ги наполни бројните Црковни храмови со народ - кои нема да одат во црква само на Божиќ и Велигден - туку редовно ке ја посетуваат црквата ... и за дел од проблемите решение ке бараат во Божјите храмови ...
No comments:
Post a Comment