Search This Blog

Wednesday, December 17, 2008

Патриотските фискални - паднаа на Уставен ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/58D81D3E87EF3A4A93A4FD5DF15C91ED.jpg http://www.vest.com.mk/images/%7BF4E620F9-48E0-409D-AA39-C26326945854%7D_fiskalna-2.jpg

Уставниот суд немаше доблест да си ја заврши работата на врема ... дозволи народот да направи трошок и одкако отидоа јабана неколку десетини милиони евра во јабана .... народни пари на сметака на неколку привилегирани фирми кои удрија по компаните ... сега по скоро година ипол од носењето на одлуката за патриотските фискални - со своја одлука Уставниот суд ја бутка одлуката на Владата и ја прогласува за неуставна ...

читај повеќе »

Сега, кој ке го плаќа трошокот на враќање на парите на компаниите ... се проценува дека државата ке треба да врати над десетина милиони евра ... компаниите сервисери на фискалните сигурано нема да ги вратат парите - тие ке се правдаат дека работеле по важешчи закон ...

Министерството за Финасии измислувајки како да го наполни буџетот од малите трговци донесе два неоуставни закони - кои паднаа на уставен ... се сеќавате и на измислениот Данок на Вкупен Промет ... и тој закон Уставниот суд го бутна прекасно ... но тој за разлика од овој не предизвика трошоци ... осем кај некои фирми кои добија решенија по законот кој подоцна падна на Уставен ...

Јасна е целта а оваа гвладеачка гарнитура ... да го полни буџетот од граѓаните и ситните трговци ... а да дава привилегии на Олигарсите и инвеститорите особено на странските ... Најновите измени за законите за принудна наплата ке ја прелејат чашата на социјалното незадоволство ... во игра се над 800.000 предмети каде граѓаните се со неплатени сметки најчесто кон комуналните претпријатија ... Тријат раце само луѓето кои деновиве засилено се регруираат како принудни наплатувачи ... тие за секој предмет кој ке го водат повеќе административно ќаруваат по скоро 7 - 8 иљади денари ... По Нотарите, Адвокатите тоа ке биде третата привилегирана средна новокомпонована класа во МК општество ...

Сето ова народот до сега стоечки го поднесуваше ... процентот на сиромаштија расте а богами и проценотот на транзиционите профитери - кои се штитат на сите можни начини ... народот секојдневно се заплашува со државниот апарат, полицијата, судството извршителите ... драконските казни за било каков прекршок се со суми како да примаме ЕУ плати ... но условите за живот се повеќе ни се доближуваат до афричките ...

Се ствараат предуслови за социјални немири од типот на Грција, Франција, Хрватска ... Пред некој ден реков дека зимава најверојатно ке куртулиме од немири ... но пролетта ке биде критичен период ... таму некаде околу изборите ... пред/за време/или после пролетните избори ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/2585246524FFE84DAB2F1AF2A8BFBD39.jpg
контето ...

Не би сакал да ги набројувам сите оние кои ме плукаа додека пишував дека Владата греши за двата случаја (нека се најдат самите во коментарите - јас не ги имам избришано ...) каде одлуките на Владата паднаа на Уставен ... тоа го знаеше секој економист и правник во државата ... Уставот и во двата случаја беше грубо прекршен ...

И сега што ?! - Влада ке го менува Уставот ли - за да се спаси од срамот дека носи противустани а со тоа и противнародни закони ... секојпат кога ке го видам контето ми се повраќа ...

Одавна велам дека и Турците кога гледале дека рајата нема - дека била сушна годината ... ја ослободувале рајата од дел од данокот - за да има од кого да зема и догодина ...

Сите влади од осамостојувањето навака работеа контра интересите на својот народ и за мене се ненародни ... ги ограбуваа и оние кои избегани од дома по белиот свет - праќаа пари на своите да преживеат од денеска за утре ... да подсетам тоа се скоро една милијарда долари на годишно ниво ... да не грешам душа за бројката утре ке ја проверам па ке се поправам ... но со тие пари до сега сите овие години се пегла дефицитот во платниот промет ...

Се тови само администрацијата која за овие 18 годи се дуплираше и како број ... која го јаде целиот буџет кој стана ненормално голем и само е прашање на време кога ке ја изеде државата ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter