Бугарска “Атака“ порачува дека МК нема да се придвижи кон ЕУ додека не ја врати Струмица и струмичко на Бугарија ... да ги подсетам оние кои ја прескокнале историјата во овој дел ... Струмица и струмичко е присоединето на територијата на тогашна Србија заедно со Босилеград и босилеградско - како воена штета/репарација за првата светска војна, каде бугарите беа на погрешна страна на војната ... и каде беа поразени ... “Атака“себеси се смета за трета партија по реалната политичка сила во Бугарија ...
Од друга страна се` побројни се барањата на БГ држава да се обноват споменици и гробишта од БГ период во Македонија ... досега само во струмичко се обновени гробиштата ... бугарите тоа го бараат за 471 локација каде по нивна евиденција има сохрането 18.692 нивни војници ... особено се гласни за битолските и валандовските воени гробишта и споменици ...
Веќе неколку години БГ држава преку бројни писма бара да се обновуваат гробиштата и спомениците со бугарски војници ...
No comments:
Post a Comment