Некогаш, компаниите кои броеа и над десетина иљади вработени за новогодишните празници делеа тринаеста плата и бонуси ... а на сите останати преку телевизија и радиото со пригодни песни - ни го честитаа новогодишните и божиќните празници ...
Сега, нема ниедна компанија која брои повеќе од 3.500 вработени ... а честитки по телевизиите преку своја реклама и пропаганда ни испраќа само Владата на РМ ... претварајки ги телевизиите и весниците во огласни табли ... Владата стана најголем вработувач а администрацијата стана партијска ... се признава само судот на партијата ...
Транзицијата и преродбата продолжуваат ... народот се иселува ... контејнер-пребарувач е најново и најмасовно занимање на народот ... на народот не му требаат никави социјални пакети ... на народот му треба работа ... во Македонија цвета градење на нови затвори ...
No comments:
Post a Comment